АктуелноЛокално

Локалниот огранок Левица – Охрид оствари средба со офицерот за набљудување при мисијата на ОБСЕ во Скопје, Суад Салкиќ

„На оваа средба беше разговарано за тековни прашања, поврзани со подготовките на сите потребни услови за успешно спроведување на претстојните локални избори во фер и демократска атмосфера, бидејќи само на тој начин се јакне демократијата и се отстрануваат сомнежите за било какви нерегуларности.

На средбата, беше споделена општа, двострана согласност дека одржувањето на фер избори е доказ за политичка зрелост на државата, а воедно од претставниците на локалнниот огранок беше изразена подготвеност за соработка и максимална транспарентност и посветеност околку процесот на спроведување на претстојните локални избори.” – информираат од Локалниот огранок на Левица – Охрид