АктуелноЛокално

Фирма на синовите на Муса Џафери добила тендери од два милиони евра само во 2021 година

Компанијата за трговија и снабдување со електрична енергија У-Повер, чиј косопственик е синот на поранешниот министер и вицепремиер од ДУИ Муса Џафери, само оваа година добила тендери во вредност од над два милиони евра. Меѓу институциите кои склучиле договор со оваа фирма се МЕПСО, ТЕЦ Неготино, Управа за јавни приходи, Агенција за вработување и дел од општините. Највисокиот тендер е склучен со Град Скопје, во износ од 67.500.000 денари. Како управител на фирмата се јавува извесен Васко Симовски.

Оваа компанија е основана во 2016 година од страна на синот на Џафери – Аријанит Џафери, кој е партнер заедно со Фитим Ибрахими, син на Азби Ибрахими, сопственик на тетовската градежна компанија што поседува и две мали хидроцентрали, АК-Инвест. Сопственикот Азби Ибрахими со бизнис започнува уште во 1992 година, а во 1999 година има работено на НАТО-проекти. Компанијата „АК-Инвест” ја формира во 2005 година.