Актуелно

Апасиев: Заев за утре спрема конечно внатрешно обезличување на македонскиот народ!

Претседателот на Левица, Димитар Апасиев, денеска на својот фејсбук-профил објави план за тоа како Владата на ДУИ и СДСМ утре преку Собранието ќе ја одземат државноста на македонскиот народ. „ЗАЕВ ЗА УТРЕ ГО ДОГОВОРИ “ФИНАЛНОТО РЕШЕНИЕ” ЗА МАКЕДОНЦИТЕ: СТАНУВАМЕ КУРДИ НА БАЛКАНОТ!“, предупредува професорот Апасиев. Подолу, во целост ви го пренесуваме постот:

„После надворешното обезличување со квислиншкиот т.н. договор од Преспа, со кој станавме “Северномакедонци” за целиот свет, предавникот за утре го спрема конечното внатрешно обезличување на македонскиот народ, како конститутивен во оваа држава.

Паралелно со договорената вештачка косоваризација со “европско знаменце”, во очи на фалц Пописот (преку Законот за државјанство), закажана е и седница за Законот за лична карта – каде предизборно ќе се прифати примитивната идеја на БЕСА во личните карти да стои и графа за “етничка припадност” на граѓанинот (што е изрично забрането во ЕУ)! Со тоа, и официјално македонскиот народ се деградира на обична етничка заедница (една од многуте во државата). Ова е вовед во следната фаза – федерализација/кантонизација на Македонија, како предигра за сецесија. Да не речете дека не сте знаеле

Вмровците ваљда, од нивните 44, ќе пуштат три-четворица пратеници на седницата, колку да се рече дека пробале да спречат. За следни избори, да си знаете, дека искрената битка со сите расположливи средства за овие круцијални прашања ја водат само двајца пратеници!“