Локално

(Видео) Богдановиќ: За референдум треба инцијатива и дополнително време

Во денешната емисија „Жешко Политичко Лето” на Канал 5 ТВ, на која гостуваше градоначалникот на Центар, Саша Богдановиќ, прашање постави нашата модераторка на Левица – Центар, Марија Среброва:

„Зошто не организирате Референдум, на кој што ќе ги прашате жителите на Општина Центар, дали воопшто сакаат на земјиштето спроти “Холидеј Инн” да се изградат облакодери?”

На ова прашање Богдановиќ даде конфузен одговор, при што “вети” дека за референдум треба инцијатива и дополнително време.Па во догледно време очекуваме да го постави ова прашање на референдум.