АктуелноИнтернационално

НР Кина и ДНР Кореја ја продолжуваат и зголемуваат соработката

Во неделата, кинескиот претседател и генерален секретар на Централниот комитет на Комунистичката партија на Кина, Си Џинпинг, заедно со со Ким Јонг Ун, генерален секретар на Корејската работничка партија и претседател на Комисијата за државни работи и врховен командант на вооружените сили на ДНР Кореја, разменија честитки по повод шеесет годишнината од потпишување на Договорот за Пријателство, соработка и заемна помош. Овој договор, во наредните месеци ќе биде продолжен за уште 20 години.

Во својата порака, Си Џинпинг истакна дека во 1961 година, лидерите на постарата генерација на НР Кина и ДНР Кореја донеле „далекусежна стратешка одлука за потпишување на договорот, со кој се  консолидирани важни политички и правни основи и се поставени темели на долгорочните врски за унапредување на билатералната и пријателска соработка“.

Си Џинпинг истакна дека денес, за период од само еден век, пресвртот во светската политика е навистина голем, Тој рече дека е подготвен да работи со Ким Јонг Ун за зајакнување на стратешката комуникација и утврдување на текот на односите НР Кина и ДНР Кореја. Според него, градењето на пријателска соработка меѓу овие земји на нови нивоа, би им донело огромни придобивки на двете земји и двата народа.

За ДНР Кореја, договорот обезбедува рамка за двете земји да работат заедно против САД, како што работеа во Корејската војна. Во неодамнешното писмо до Си Џинпинг, Ким Јонг Ун рече дека владејачката партија на ДНР Кореја и Кинеската Комунистичка Партија се „вистински соборци и другари кои делеле живот и смрт во долгата борба за спротивставување на империјализмот и градење на социјализам, пишувајќи историја на пријателство со која се гордеат“.

НР Кина инсистира на дел од договорот кој претставува правна рамката за спречување на потенцијална војна. Според корејските медиуми, ова се прави заради превентива, поради недоразбирањата меѓу САД и ДНР Кореја, кои можат да доведат до нестабилност на Корејскиот полуостров.

Иако односите помеѓу НР Кина и НДР Кореја значително се променија по потпишувањето на овој договор кој останува во срцето на пријателските врски помеѓу двете земји и дава основа за соработка која го промовира економскиот развој и мирот на Корејскиот полуостров.