Нема хонорари за уметниците ангажирани на фестивалот Денови на македонската музика
Познатата композиторка, Дарија Андовска на својот профил објави дека се’ уште не го има добиено својот хонорар, како раководител за фестивалот Денови на македонската музика. Како што посочи Андовска, Министерството за култура доцни со исплатата на надоместоците за 43-тото издание на фестивалот, кој се одржа септември, минатата година.
„Денес е 25ти мај.
Следниот вторник ќе биде 1ви јуни.
2021 година.
Ниту јас, ниту уметниците кои беа дел од фестивалот ДММ2020, не сме исплатени.
Јас не си го добивам смешниот хонорар за работа како уметнички раководител цела година во ненормални услови, опструкции, притисоци и пандемија (при што колешката, со која работевме заедно, си даде оставка на средина на фестивал и ме остави на цедило и мене и колегите уметници), а уметниците не си го добиваат хонорарот за нивниот настап (меѓу останатото и храбар настап) на ланскиот фестивал.
Поздрав до ресорното министерство
Патем, фестивалот се вика Денови на МАКЕДОНСКА музика и лани го имаше своето 43то издание.”