АктуелноИнтернационално

Израел му се заблагодари на САД што трет пат ја блокира Резолуцијата на ООН

Израелската војска спроведе нова серија воздушни напади врз Газа, откако израелскиот министер за одбрана изрази благодарност до САД за третото блокирање на резолуцијата на ООН за прекин за огнот. Изјавата подготвена заеднички од Кина, Тунис и Норвешка беше трет обид кон ООН за прекин на огнот во рок од една недела. Но, покрај претходните напори, истите три пати беа блокирани од Вашингтон.

Во нацртот се нагласува потребата од смирување на тензиите и „почитување на меѓународното хуманитарно право, вклучително и заштита на цивилите, особено на децата“. Дополнително, во нацрт- Резолуцијата се спомнува потенцијалното протерување на палестинските семејства од израелскиот окупиран Источен Ерусалим, како „сериозна грижа“ што може да ги разгори тензиите и се наведува правото на верниците муслимани да се молат во џамијата Ал-Акса.

Иако државниот секретар на Бајден, Тони Блинкен, тврдеше дека американската администрација „работи зад сцената“ за да обезбеди примирје, владата на Нетанјаху не покажа намера да го запре бомбардирањето.

Ударите се појавуваат темпирано во време на зголемените тензии меѓу Тел Авив и владата на Хамас во Газа, кои ескалираа после насилните судири во Ерусалим, каде минатата недела Палестинците протестираа против иселувањето на неколку локални семејства. Оттогаш, Израел ја обвинува групата со седиште во Газа за истрелување на околу 3 350 ракети кон израелска територија, и возвратија на ударот, со кој до сега  однесоа 212 животи. Според министерството за здравство, околу 1400 Палестинци се ранети и околу 40 000 семејства се принудени да ги напуштат своите домови.

Нејасно е зошто администрацијата на Бајден одби да ја одобри изјавата, во која исто така се бараше „решение за две држави“ за долготрајниот спор.