Крмов: Протоколот за ковид-пратениците не е објавен во Службен весник!
Статус на пратеникот од Левица, Борислав Крмов, во врска со работењето на Собранието
Еве како се работи во Собрание:
Прво, надополниле протокол за Конститутивна седница, а требало да направат нов. Зошто? Бидејќи, не се сите седници Конститутивни и конститутивната седница е завршена. Надополниле нешто што завршило.
Второ, надополнувањето е само еден обичен текст. Не е наведено каде, во кој член, кој став и што треба да се надополни. Какво е тоа надополнување? Лаици ги знаат овие работи.
Трето, делот „Кој не е позитивен на COVID-19“ не е тргнат со конфузното надополнување. Во новиот текст тој дел е испуштен, но во оригиналниот текст си стои. А и без тоа „самоизолација“ се однесува за луѓе кои дошле во контакт со болни лица а не за позитивни. Никаде во текстот не се спомнуваат лица позитивни на COVID-19.
Четврто, одлуката со потпис од д-р Жарко Караџовски ја нема. Без тој потпис, излегува дека собраниските служби сами имаат изигравано доктори. А ако сепак Караџовски ставил потпис на ваков нестручен и нелегален документ и тој подлежи на кривична одговорност.
Петто, одлуката на Собранието за овој протокол не е објавена во службен весник. За разлика од Собранието, Владата има преку 80 слични одлуки со протоколи од Комисијата за заразни болести и сите се објавени во Службен весник.
Наздравје.
Еве како се работи во Собрание: Прво, надополниле протокол за Конститутивна седница, а требало да направат нов. Зошто?…
Posted by Борислав Крмов on Tuesday, April 27, 2021