Димоски: Водно е узурпирано! Интензивно се уништува зеленилото во Козле и Горно Нерези
Статус на Мартин Димоски, модератор на Левица – ЛО Карпош
Водно е узурпирано! Интензивно се уништува зеленилото во Козле и ГорноНерези. Бидејќи од Општината не гледаат подалеку од носот, како жител на Општина Карпош се одлучив да поднесам две пријави за инспекциски надзор. Едната за Козле каде што се вршат градежни активности кај Шамак и околните места, другата за Горно Нерези каде исто така се спроведуваат бројни градежни активности во близина на манастирот. Сите градежни активности се надвор од ГУП на Град Скопје и на границите или во рамки на Парк шумата Водно.
Се уништуваат последните места за рекреација на Карпошани и Скопјани (Треска и Матка веќе се узурпирани) додека не’ убедуваат дека се грижат за зеленилото и зелените површини.
Останува да видиме дали овие пријави ќе се изгубат во фиоките или пак ќе добиеме одговор дека “се е по закон” и ќе се продолжи со бетонизацијата на последните зелени површини во Скопје.
Водно е узурпирано! Интензивно се уништува зеленилото во #Козле и #ГорноНерези. Бидејќи од Општината не гледаат подалеку…
Posted by Martin Dimoski on Monday, April 26, 2021