АктуелноЛокално

ЈП Национални Шуми – Подружница Бабуна не одговори на барањето на Левица за пошумување

Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – ЛО Велес:

„Локалниот огранок на Левица во Велес, пред еден месец поднесе барање до ЈП Национални шуми – подружница Бабуна во Велес, со кое браме да ни биде одобрена локација за пошумување на државно земјиште под надлежност на ЈП Национални шуми.

До овој момент за жал од јавното претпријатие немаме добиено никаков повратен одговор.
Во Велес можеше да има насадено нови 300 дрвца, но поради неодговорното работење на надлежните од ЈП Национални шуми – подружница Бабуна, ќе мора да почекаме до есен.

И покрај тоа што менаџментот на подружница Бабуна своите работни обврски не ги извршува квалитетно, не успеа да одговори ни на нашето барање. Впрочем очигледно тие не се ни грижат за животната средина, да беше обратно немаше да останат неми на нашето барање.

Кога се работи за општото добро функционерите мора да работат одговорно, а не само да седат во удобните фотељи и да земаат плата од народни пари.”


ЈП НАЦИОНАЛНИ ШУМИ – ПОДРУЖНИЦА БАБУНА НЕ ОДГОВОРИ НА БАРАЊЕТО НА ЛЕВИЦА ЗА ПОШУМУВАЊЕ Локалниот огранок на Левица во…

Posted by Левица – Велес on Thursday, April 15, 2021