(Видео) Крмов: Левица наредните пет месеци ќе работи на рушење на Законот за попис
Борислав Крмов во „Само вистина“ на тема пролонгирањето на пописот и Законот за попис:
„Наша проценка е дека еден од главните фактори зошто се одложи пописот и тоа не е целиот попис пролонгиран, само за резидентното население е пролонгиран, додека овој другиот ќе трае уште пет месеци. Наше гледиште беше дека еден од главните фактори за одложување на пописот ќе беше масовниот бојкот од резидентното население и тие ќе доживееа колапс.
И во таква ситуација ЛЕВИЦА беше единствената партија која што јасно и недвосмислено го повика граѓаните да не отвараат врата. И имавме теренска кампања, таа кампања траеше дваесетина дена, сега кампањата е во мирување, но со ова ни даваат пет месеци на рушење на законот кој што е во ефект, кој треба да почне во септември.
Европската Регулатива за Пописи на Европскиот Парламент и Европскиот Совет предвидува дека од овој закон кој што сега е на сила треба да исфрлите попис на дијаспора, попишување со ЕМБГ, трето лице да дава податоци за некој друг, трето лице да дава лични податоци како етничка припадност, да дефинирате документи (во нашиот закон пишува соодветни документи а треба да пишува лична карта, пасош и слично) и на крај да исфрлите попишување на лица кои не се државјани. На пример Бектеши излезе и рече дека и децата на државјани кои живеат во странство ќе имаат право да се попишуваат иако уште немаат државјанство, а од друга страна премиерот вели дека не е така, потоа излегуваат ДЗС и тврдат дека наводно системот ќе ги отфрлел тие што се без државјанства, додека членови на Владата тврдат обратно. И сега кој е во право?“