АктуелноЛокално

Формирале Комисија да констатираат дека нема возило за помош наспроти 2.645 службени возила

Откако вчера јавноста реагираше за голготата на медицинскиот тим кој пет саати пренесуваа премрзнат човек низ козји патеки во Кратово, Стојанче Ангелов на прес денес изјави дека формирана е петчлена комисија која ќе го испита случајот и ќе утврди дали постојат пропусти и слабости кај Центарот за управување со кризи или во другите институции. Оперативецот на ЦУК од Кратово, нагласи Ангелов, бил фокусиран на барањето за наоѓање теренско возило – џип, па дури и трактор со кој би можело да се отиде до местото, и во ниту еден момент од лекарскиот тим што бил на лице место од него не било побарано да обезбеди хеликопер. Доколку, според Анеглов, од оперативецот било побарано да обезбеди хеликоптер, тој тоа барање ќе го проследел до него и за кратко време би бил обезбеден хеликоптер.

По повод оваа изјава, реагираа од Друштвото за социјална правда Ленка.

„На прес Стојанче Ангелов изјави дека ќе формирал Комисија да утврди зошто немало возило да му помогне на премрзнатиот човек. Да му помогнеме, можеби причината е што 2.645 службени возила не можат да се користат за спасување човечки животи.”

На прес Стојанче Ангелов изјави дека ќе формирал Комисија да утврди зошто немало возило да му помогне на премрзнатиот…

Posted by Ленка on Monday, 5 April 2021