Исмаил: Ние имаме брутална приватизација, дури и плодно земјиште е на продажба!

Во вечерашното гостување во емисијата „Јанко Јади бурек”, членот на Президиумот на Левица – Реџеп Исмаил ја критикуваше бруталната приватизација на државата, при што истакна дека и во систем како ЕУ, сопственоста на целокупната економија не е повеќе приватна, туку доминираат јавните ресурси. Целата емисија може да се погледне на линкот.

„Нас прво ни се случи приватизација на тоа што беше изградено, па потоа реприватизација и на услугите. Утре очекувам да ја приватизираат и одбраната, односно полицијата. Приватни фирми ги обезбедуваат државните институции, што значи дека и безбедноста ја приватизиравме. Во одредени општини и одржувањето на светлата е приватизирано.

Ние имаме една брутална приватизација, каде што, не само што е уништено она што е изградено претходно, туку се уништува дополнително сѐ што имаме како национален ресурс. Нас реките ни се уништени, почвата ни е уништена – еве, сега, има иницијатива каде дел од плодното земјиште ќе се продава, што е според мене катастрофа.”