АктуелноЛокалноСтав

Масовна имунизација Југославија vs Филипче

1972 Југославија вакцинираше 18 милиони свои граѓани за само 22 дена. Тоа се приближно 820 илјади жители на ден. Пресликано денеска, за два дена да се вакцинира целокупното резидентно население во Македонија.

Или поточно, тогаш дневно се вакцинирало околу 4% од вкупното население, што значи кај нас да има масовна вакцинација треба да се вакцинираат повеќе од 65.000 граѓани на дневно ниво. Сега објаснете им на властите што е масовна вакцинација.

Кај нас ќе вакцинирале околу 800 граѓани дневно, што е 0.05% од резидентно население. Ако Југославија се вакцинираше во организација на Заев и Филипче, имунизацијата, во тогашната СФРЈ ќе траеше 5 години.

П.С … зборуваме за технолошки развој на држави во 1972 и 2021 година. Со денешниов развој и тогашната организација сигурно оние 22 дена би биле максимум 12.


МАСОВНА ВАКЦИНАЦИЈА!? 1972 Југославија вакцинираше 18 милиони свои граѓани за само 22 дена. Тоа се приближно 820 илјади…

Posted by Volkot Sit Ovci Kup on Tuesday, March 30, 2021