Како македонските судови ја убиваат правдата
Пишува: м – р Верица Спасова, Магистер по Биологија насока Биохемија и Физиологија, вработена биохемиската лабораторија во Ј.З.У Клиничка болница – Штип.
Се обраќам до македонската јавност по повод чинот на дискриминација и деградација од страна на раководната структура на Ј.З.У Клиничка болница – Штип на чело со директорот д – р Ален Горгиев спроведен врз мене. Имено со најновиот Правилник за систематизација кој е внатрешен правен акт на болницата донесен во мај 2020 година јас сум деградирана од работно место магистер по Биологија на работно место дипломиран Биолог со решение за распоредување од 15.09 2020. Ова решение само по себе е незаконито бидејки не одговара на мојата диплома добиена по завршување на 4 годишните академски студии на Природно – математичкиот факултет во Скопје на 30.03.1994 која гласи ДИПЛОМИРАН ИНЖЕНЕР ПО БИОЛОГИЈА насока биохемиско – физиолошка.
Според Колективниот договор за здравствена дејност називот Дипломиран Биолог (3,023) и Дипломиран инженер по Биологија(3,089 ) имаат различен коефициент за сложеност при работа секако поголем е за Дипломиран инженер по Биологија.Намерно и тенденциозно при изготвување на најновиот Правилник за систематизација на работни места погрешно е применета меѓународната Фраскатиева класификација на научно – истражувачки подрачја , полиња и области во која постои научно подрачје 101 Биологија, но со област 10201 Биохемија како што е потенцирано во мојата диплома.Во Фраскатиевата класификација исто така постои и област 10209 Имунологија што е областод мојот Магистерски труд.
Со ова намерно и тенденциозно сум деградирана на коефициент кој го имаат диполмираните лаборанти со високо стручно образование со 3 годишнии студии. Според Законот за здравствена заштита во рамките на категоријата Д – здравствени соработници според член 155 – ѓ, се утвдени нивоа на работни места на даватели на јавни услуги во областа на здравството кои треба да имаат најмалку 240 кредити и тоа ниво Д2 – магистер (биолог, физичар, хемичар и др,) ниво Д4 – дипломиран инженер, дипл,хемичар и биохемичар и ниво Д6 – дипл, биолог, физичар и др.
Значи се утврдени различни нивоа и јас како ДИПЛОМИРАН ИНЖЕНЕР ПО БИОЛОГИЈА сум на ниво Д4, а како магистер по Биологија на ниво Д2 а ни случајно нивото што ми е определено со Правилникот за систематизацијата на Ј.З.У Клиничка болница – Штип.Министерството за информатичко општество и администрација исто така има направено каталог на работни места според кој постои работно место Магистер биолог со шифра ЗДР О3 01 ДО2 002 во јавните здравствени организации.
Магистерскиот труд го одбранив на 17.02.2014 година на Природно – математичкиот факултет во Скопје со тема под наслов „ВЛИЈАНИЕТО НА ПРОЛАКТИНОТ ВРЗ ФЕРТИЛНОСТА КАЈ ЖЕНИТЕ” и се здобив со стручен назив МАГИСТЕР ПО БИОЛОГИЈА – НАСОКА БИОХЕМИЈА – ФИЗИОЛОГИЈА. Темата на магистерскиот труд е од областа на Имунологијата и оговара на работата во лабораторијата за Биохемија и Имунологија каде е моето работно место. Потоа по поднесено барање на 14.07 2014 год. добив решение за рспоредување на работно место магистер по Биологија со соодветни бодови за плата. Врз основа на ова решение и по мое барање Фондот за здравствено осигурување ми издава одобрение за шифра и печат со титула МАГИСТЕР ПО БИОЛОГИЈА – БИОХЕМИЈА кој го користам при издавање на резултати на работното место како гаранција на нивната валидност. Предходно почнувајки наназад од 02.12.2004год.потоа 12.07.2009 па 22.09.2009, до 14.07 2014 год. јас секогаш бев распоредувана на работно место дипломиран Биохемичар.
Потоа по желба на тогашниот директор на Болницата незаконски и тенденциозно на 07.09.2016 год.со решение бев распоредена и деградирана во Р.Е.Патологија како диполмиран Биохемичар од раборно место магистер по Биологија. Како резултат на ова решение поднесов тужба до основниот суд во Штип за негово поништување како незаконито. На ден 24.10.2017 год од Основен суд во Штип е донесена пресуда врз основа на признание дека се усвојува моето тужбено барање и се поништуваат како незаконити претходните решенија за прераспоредување и плата. Оваа судска пресуда е правосилна и врз основа на неа на ден 07.09.2017 год, ми се издава решение за распоредување на од дипломиран биохемичар во Р.Е Патолошка анатомија на работно место магистер по биологија во Р.Е Лабораториска дејност во Ј.З.У Клиничка болница – Штип потпишано од сегашниот директор д-р Ален Георгиев.
Врз основа на новиот Правилник за систематизација донесен во мај 2020 година јас сум деградирана од работно место магистер по Биологија на работно место дипломиран Биолог со решение за распоредување од 15.09 2020.
Против ова решение поднесов жалба до Државната комисија за одлучува во управна постапка од работен однос во втор степен и откако не добив одговор во законски предвидениот рок, поднесов и тужбено барање да се поништат како незаконити решенијата за распоредување и плата со кои сум деградирана дури за 4 нивоа на работно место а со тоа сум и матерјално оштетена. Во прилог беа поднесени сите докази за моето образование и стручна подготовка, одбрана на магистерски труд како и предходната судска пресуда донесена од основниот суд во Штип. После една година закажување на рочишта за тужба и постојано нивно одлагање по барање на застапникот на Ј.З.У Клиничка болница – Штип правникот Мирче Панов, Основниот суд во Штип на ден 28.01.2021 год. донесе пресуда со која моето тужбено барање се одбива како неосновано со образложение дека со Правилникот за систематизација не е предвидено работно место магистер по Биологија. Незаконски се изведува заклучок дека со дипломирањето на 30.03.1994 год. сум се стекнала со звање дипломиран биолог (такви кадри не дипломираат уште од 1984 год. на П.М.Ф. во Скопје или се повекето во пензија) така да не е можно да сум добила таква диплома.
На оваа судска тресуда е поднесена жалба до Апелациониот суд во Штип поради погрешно и нецелосно утврдување на фактичката состојба и погрешна примена на матерјалното право.
Во тек на судскиот процес уште на подготвителното рочиште судијата го немаше побарано предметот за предходната пресуда да се разгледа бидејки се работи за идентична ситуација и за повторно одземање на бодовите за магистра, туку беше одложено за следното. Според законот сите документи во врска со случајот се предлагаат и се приложуваат на првото рочиште со поднесување на тужбата без можност за надополнување. Во овој случај на третото рочиште кое беше одложено по барање на правникот Мирче Панов поради наводна негова болест непоткрепена со медицинска белешка истиот накнадно достави до судот одговор од Државната комисија за одлучување во управна постапка од работен однос во втор степен со задоцнување од 5 месеци дека моето барање се отфрла и дека правилно е применето матерјалното право.
Овој задоцнет документ беше прифатен од судот.Сите други документи приложени од моја страна и сите законски факти судот ниту ги виде ниту ги зема во предвид. Напротив се изведуваа искривени заклушоци и невистинити факти. На Правилникот за систематизација судијата се повикува како да е закон а не внатрешен превен акт кој мора да биде направен според сите законски акти и според образованието на постоечките вработени кадри. Судијата изведува заклучок дека болницата немала средства за исплата на мојот магистериум, а во лабораторија се исплакаат огромни суми на пари на сметка на 8 часовни и 24 часовни дежурства на лаборантите. Незаконски лаборантите со завршено средно и високо стручно образование работат анализи без менторство од стручно лице и се без печат бидејки немаат право на него. Резултатите издадени на овој начин немаат тежина на валидност.
Самата систематизација на работни места во лабораторија во која се педвидени 12 лаборанти со средна и висока стручна школа и само 3 дипломирани биолози и 1 специјалист по Медицинска биохемија кажува сама за себе дека е срамно за раководството на болницата да гради ваква кадровска политика во лабораторијата при Клиничката болница која е центар на Источна македонија кон која гравитираат пациенти за испитување на специфични анализи. Бројот од 12 лаборанти покажува дека тие се доволно на број и нема потреба од овие дежурства бидејки може работата да се покрие во 3 смени што значи дека директорот им овозможува да се здобијат со противправна матерјална корист и ова е злоупотерба на службена должност и овластување од негова страна.
Според законот за Здравствена заштита и колективниот договор за Здравство работодавачот не смее да му го ускрати правото на работникот за дообразување и доедукација, напротив овие работни места во лабораторија бараат доусовршување во струката. Законот дозволува работникот според потребите да биде распореден на друго работно место кое одговара на степенот на образование кое работникот го стекнал но не пониско од претходното односно не смее да го деградира.
Инаку во Клиничката болница во Штип освен на мене и на уште две вработени бодовите за магистратура и докторат не им се одземени на ниту еден доктор на медицина, тие и понатаму им се исплакаат што значи се работи и за дискриминација при изработка на Правилникот за систематизација на работни места. Значи намерно и тенденциозно е донесена оваа дискриминирачка систематизација која не е во согласност со законите. Во штипската болница се случува самоволие и дискриминација завиени во сисематизацијата.
Се обракам до македонската јавност по повод оваа скандалозна судска пресуда која нема никаква врска со законите и правото, без да се земе во обзир предходна правосилна судска пресуда донесена врз основа на идентична ситуација, да слушне какви судски процеси и какви пресуди се донесуваат во нашите судови а власта упорно не убедува дека правда мора да има и ке има.
Дали судовите ги заштитуваат институциите од работникот, а кој да го заштити работникот од самоволието на институциите?
М – р Верица Спасова