АктуелноИнтернационално

ЕУ го блокира извозот на вакцини во Британија

ЕУ ги отфрла повиците на британската влада за доставување на вакцините против ковид-19, Астра Зенека, произведени во фабрика во Холандија, изјави претставникот на ЕУ.

Европската унија во средата се закани дека ќе го блокира извозот на вакцини против ковид 19 во Велика Британија со цел да се задржат и онака оскудните дози за нејзините граѓани, а претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, рече дека епидемиолошката состојба се влошува.

„Британците инсистираат на тоа дека фабриката „Халик“ во Холандија мора да ја испорача медицинската супстанца произведена таму. Но тоа не се случува”, за Ројтер изјави официјалниот претставник на ЕУ.

„Европската комисија ќе знае дека остатокот од светот ја следи како се однесува по ова прашање, и доколку се прекршат договорите и обврските, тоа ќе биде многу штетна работа за трговскиот блок кој е горд на своите закони“, рече британскиот министер за одбрана Бен Валас, одговараќи на прашање во врска со заканата на претседателката на ЕК, Урсула фон дер Лајн, дека ќе го блокира извозот на вакцината во Велика Британија. 

Официјалниот претставник на ЕУ рече дека Унијата не крши ниту еден договор.

Инаку, фабриката „Халик“ од Лајден, е наведена како добавувач на вакцини во двата договора кои „АстраЗенека“ ги потпиша, со Велика Британија и со Европската Унија. А пак АстраЗенека на официјалните претставници на ЕУ им соопштила дека Велика Британија користи клаузула во договорот за набавка, што спречува извоз на своите вакцини се’ додека британскиот пазар не биде целосно покриен, соопштија официјални претставници на ЕУ.