АктуелноЛокално

Левица: Изгорената шума покрај езерото Младост сè уште не обновена

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Велес

„21 Март е меѓународен ден на шумите, но изгорената шума на езеро Младост сè уште не е обновена.
После големиот пожар кој го зафати езерото „Младост“ на 26-ти август 2019 беа уништени вкупно 200 хектари шума. До денес се пошумени само 20 хектари шума. Ветувањата на градоначалникот Аце Коцевски на Општина Велес и директорката на ЈП Македонски Шуми – подружница Бабуна, беа дека до крајот на годината ќе се исчисти земјиштето кое е зафатено од пожарот, ќе се подготви почвата за засадување и во рок од една и пол година ќе се обнови голем дел од изгорената шума, меѓутоа спроведени се само две акции за пошумување.

На првата акција која е одржана на 10-ти јануари 2020 година се пошумени 10 хектари и засадени вкупно 13 700 садници, а на втората акција одржана на 10-ти декември 2020 година се пошумени исто така 10 хектари и засадени 12 000 садници. И двете акции се финансирани од страна на општината и донаци.
Поминаа скоро две години од големиот пожар, ниту е исчистено земјиштето ниту е подготвено за засадување, се што е направено од страна на локалната власт се пошумени 10% шума. Покрај „големата загриженост“ на локалната власт која ја искажуваа во 2019 година езерото останува во пустош.”


ИЗГОРЕНАТА ШУМА ПОКРАЈ ЕЗЕРО МЛАДОСТ СÈ УШТЕ НЕ ОБНОВЕНА 21 Март е меѓународен ден на шумите, но изгорената шума на…

Posted by Левица – Велес on Sunday, March 21, 2021