АктуелноЛокалноСтав

Крмов: Груби трча на ДРЖАВНА СМЕТКА да лобира за попишување на „неговата“ дијаспора!

Пратеникот на Левица – Борислав Крмов реагираше на фејсбук-објавата на вицепремиерот Артан Груби, кој со слика само на албански јазик напиша дека „нашата дијаспора е најдобра на свет.”


Вицепремиерот Груби трча на ДРЖАВНА СМЕТКА да лобира за попишување на „неговата“ дијаспора. Тоа ли е вашиот фамозен „статистички“, а не политички процес!?

И 5 милиони иселеници да се попишат, се додека ДУИ со нивното право на ВЕТО одлучува за конечните „резултати“, се е залудно. Со попишување само им даваме легитимитет и им го олеснуваме фалсификатот. Овој попис МОРА да прекине!”, – напиша Крмов на својот профил.

Вицепремиерот Груби трча на ДРЖАВНА СМЕТКА да лобира за попишување на „неговата“ дијаспора. Тоа ли е вашиот фамозен…

Posted by Борислав Крмов on Sunday, 21 March 2021