Крмов: И Симовски потврди дека народот бојкотира!
Директорот на Државниот завод за статистика, Апостол Симовски денес изјави дека дијаспората го бојкотира пописот.
-Toa што е мал одзивот во Австралија особено, меѓутоа и во Канада и САД веројатно се должи на антикампања која знаеме дека тече и имаме информации такви. Меѓутоа уште еднаш ги охрабрувам бидејќи ова е нешто што е во интерес прво на нив самите а и на државата за да собереме информации за тоа колку и каде имаме наши сограѓани, изјави Апостол Симовски.
На ова реагираше пратеникот на Левица, Борислав Крмов.
„Нема да учествуваме во попис скроен по барањата на ДУИ за вештачко билдање на нивното гласачко тело и поголем број партиски војници вработени на НАША СМЕТКА по институциите!
Прекинете го пописот, одложете го за една година и да донесеме нов закон за попис по сите меѓународни стандарди.
Во спротивно, ќе се соочите со уште поголем бојкот во Републиката! “, напиша Крмов на фејсбук.