АктуелноЛокално

Левица: Повторно рестрикција на водата за пиење во Тетово

Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Тетово

„По нецели 2 недели од “санирањето” на штетата на водоводната цевка кај Лешница, Тетово повторно остана без вода.
Од општината се правдаат дека штетата е направена од ерозија на земјиште при земјотресите во Маврово, но вистината е неспособноста на локалната самоуправа за справување со проблемите предизвикани од изградбата на малите хидроцентрали на Шара.

Иронијата е што штетата е дел од таканаречениот “нов водовод” !
Никој не се замара, буквално. Тетовчани нека пијат национал-шовинизам, вода не мора!

Природата им се одмаздува на тетовчани, земјиштето не може да ги издржи ископите и градежните изведби и станува ерозивно, а со тоа здравјето на тетовчани е во опасност од загадување на водата која се помалку и помалку ја има.

За да иронијата биде уште поголема, во услови кога стапката на заболени од ковид расте, како и на смртни случаи, а од друга страна немаме ни основни услови за хигиена, конкрено тетовчани се оставени без вода, власта по секоја цена сака да протурка илегален попис!”

#НемамеВодаДаМиемеРаце
#НеОтворамВрата


ПОВТОРНО РЕСТРИКЦИЈА НА ВОДАТА ЗА ПИЕЊЕ ВО ТЕТОВО По нецели 2 недели од "санирањето" на штетата на водоводната цевка…

Posted by Левица – Тетово / E Majta – Tetovë on Wednesday, March 17, 2021