На денешен ден роден е советскиот космонаут и првиот човек во вселената – Јуриј Гагарин

На денешен ден во 1934 година во селото Клушино роден е Јуриј Гагарин (Юрий Алексеевич Гагарин), советски космонаут. Јуриј Гагарин се стекна со статусот легенда кога стана првиот човек кој полетал во космосот на 12 април 1961 година. Полета од Земјата како обичен пилот, а се врати како жива легенда. Во Советскиот Сојуз го почитуваа како рок-ѕвезда, а во светот го почитуваа како жива легенда. Името на Јуриј Гагарин до денешен ден останува најпознато кога се зборува за космосот.

Во услови на Студената војна помеѓу САД и СССР, испраќањето на првиот човек во вселената се смета за значаен напредок на тогашната советска држава. До самата одлука на тогашната Советска Државна комисија, Гагарин не знаел дека токму тој ќе биде првиот избран космонаут кој ќе полета во Вселената. Организаторот на подготовката, Николај Камањин, потсетувајќи се на последните часа пред полетувањето, изјавил дека претстои величествен подвиг – прв лет на човекот во Вселената и дека тој  лет ќе го направи скромен советски човек во униформа на Воено – воздухопловните сили, Гагарин Јуриј Алексеевич.

На 12-ти април 1961 год. поранешниот Советски космодром Бајконур влезе во историјата. Големата ракета на чиј врв се наоѓал вселенскиот брод Восток–1 полетала во Вселената, а светот во тие мигови  сѐ уште не знаел дека се пишува новата историја на човечкиот лет во Вселената.

Во 07:07 часот, Королев, главниот конструктор на проектот со кодираното име ЗОРА–1, со радио врска до ЦЕДАР (кодираното име за Гагарин, кое означува сибирски бор) ја исратил пораката „Палењето започна“. Пред полетувањето, имало доста емоции, како од самите космонаути, така и од сите присутни на самото лансирање.

Полетувањето поминало без никакви проблеми. Но, по полетувањето, командниот пункт во Колпашево доживеал неколку непријатни секунди. Аудио врската одеднаш се изгубила и тие веќе немале никаков контакт со космонаутите. Но, за среќа, врската повторно била воспоставена и веднаш било известено дека бродот успешно излегол од орбитата.

Неколку минути подоцна, од командниот пункт ВВС било соопштено дека Гагарин успешно се спуштил на пресметаната точка.

Вечерта, на 12 април, сите космонаути, членовите на Државната комисија, раководството на областа одржале здравица во чест на историскиот лет на Гагарин. Со тоа, завршил победоносниот ден – 12 април 1961 год. кое човештвото никогаш нема го заборави, а името Гагарин засекогаш ќе остане во историјата.


На денешен ден во 1934 година во селото Клушино роден е Јуриј Гагарин (Юрий Алексеевич Гагарин), советски космонаут….

Posted by Руски центар Скопје on Tuesday, 9 March 2021