АктуелноЛокално

Регулативата на ЕУ забранува процесуирање на лични податоци за етничко потекло – ЕУ Делегација во Скопје

Порталот Мкд.мк објави вест во која го образложува одговорот на Делегацијата на Европската Унија на нивно прашање во врска со предлогот во личните карти во земјава да се впишува и етничката припадност на граѓаните.

„Регулативата на ЕУ за генерална заштита на податоците забранува процесуирање на лични податоци кое открива расно или етничко потекло, политичко, религиозно или друго убедување, сексуална ориентација и низа други прашања”, е дел од одговорот што МКД.мк го добиле од Делегацијата. 

„Регулативата на ЕУ за генерална заштита на податоците забранува процесуирање на лични податоци кое открива расно или етничко потекло, политичко, религиозно или друго убедување, сексуална ориентација и низа други прашања”, велат од ЕУ делегацијата.

Од Делегацијата информирале и дека регулативата која ќе ги содржи досега првите правила за личните карти во рамките на целата Европска Унија ќе почне да се применува од август 2021 година.

Извор: Мкд.мк