Извршена рација во индискиот медиум „Newsclick” затоа што известувале за земјоделските протести
Медиумските организации, како низ Индија, така и на меѓународно ниво го осудија последниот напад врз слободата на печатот во земјата, по рацијата во канцеларијата на „Newsclick“, прогресивен портал за новини на вести со седиште во главниот град Њу Делхи.
Рацијата започна утрото на 9 февруари во канцеларијата на „Newsclick“, откако овој медиум во последните месеци ги пренесуваше информациите за тековната борба на земјоделците против законите за прокорпоративни фарми донесени од екстремно десничарската влада, предводена од БJП во Индија.
Мандип Пунија, хонорарен новинар кој пишуваше за Караванот чиј главен уредник е обвинет за бунт, беше уапсен на 30 јануари додека тој известуваше на теренот од Сингу, на границата Делхи-Харијана, каде што кампуваа илјадници земјоделци во знак на протест. Пунија пријавил дека бил малтретиран откако бил приведен од полицијата.
На неговото ослободување од затворот Тихар во Делхи, тој објави статија за земјоделците во затворот, кои имаа знаци на тортура на нивните тела. Според неговата статија, полицијата во Делхи уапси 122 лица во врска со насилството на протестите со трактори. „Самјукт Кисан Морча“, организација од повеќе од 400 синдикати на земјоделци, тврди дека владата инфилтрирала агенти-провокатори кои го испровоцирале наведеното насилство.
Извршени се рации во канцелариите на главниот уредник Прабир Пуркајаста, уредникот Прањал и менаџерот за човечки ресурси Амит Чакраборти. Според извештаите на медиумите, Дирекцијата за извршување и разузнавачката агенција на Министерството за финансии задолжена за справување со економска измама, извршиле рација во медиумската организација и резиденциите, повикувајки се на сомнеж за перење пари.
Д-р Ашок Давле, претседател на „All India Kisan Sabha (AIKS)“ – еден од најголемите синдикати на земјоделци – им се придружи на десетиците прогресивни гласови што ја осудуваат рацијата. „ ‘Newsclick’ направи одлично објективно известување за актуелната борба на земјоделците и за сите праведни и легитимни движења на луѓето во последните неколку години. Ова не е ништо друго, освен обид на централната влада на БJП да го казни ‘Newsclick’ за цврсто стоење со борбените луѓе“, напиша тоj.
„Одговорот на индиските власти на протестите беше насочен кон дискредитација на мирните демонстранти, малтретирање на критичарите на владата и гонење на оние што известуваа за настаните“, одговор на Меенакши Гангули, директор на „Human rights watch“ во Јужна Азија.
Сојузот на новинари во Делхи во изјавата за осуда на рацијата наведе: „Newsclick им обезбедува платформа на водечките истражувачки новинари, како Паранџој Гуха Такурта и новинарот Абхисар Шарма и П. Саинат – меѓу другите. Исто така, во последните два месеци опширно известуваше за агитацијата на земјоделците, се етаблираше како поинаков глас со вести и анализи на национални и меѓународни работи. Овие рации ги сметаме за сериозен напад врз мрежните медиуми и слободата на печатот“. Оваа изјава беше потпишана од повеќе новинари и медиумски проекти од различни држави.
Демократската младинска федерација на Индија (DYFI), која е една од најголемите прогресивни младински организации во земјата, реагираше дека „рацијата е еден од вообичаените начини на централната влада да ги потисне сите оние кои одбиваат да бидат нивни алатки. „Newsclick“ без страв ја објави вистината за земјоделците. Овие рации се очигледен обид за заплашување со цел да се исплаши „Newsclick“ од разоткривање на Владата на БJП и известување за борбите на луѓето. Newsclick ефикасно извести за тековните борби на земјоделците и сите борби на работните луѓе ширум светот“.
Кон критиките за оваа акција се придружија и од Студентската федерација на Индија, кои наведоа дека власта ја користи типичната тактика на рации на Дирекцијата за извршување со цел да ги исплаши медиумските куќи. „Ова е директно поврзано со нивното непристрасно покривање на протестот на земјоделците.“