Кина обезбеди донација за Ирак наменета за борба со Ковид – 19
Донацијата вклучува 56 амбулантни возила со резервни делови, 266 генератори, мотоцикли, компјутери, лаптопи, печатари и друго.
„Се надеваме дека брзата помош ќе му помогне на ирачкиот народ во справување со пандемијата КОВИД-19 и дека ќе придонесe за подобрување на животот на ирачкиот народ“, рече кинескиот амбасадор во Ирак. „Што се однесува до Ирак, оваа година е исто така важна бидејќи ја очекуваат предвремени избори, а ние ќе продолжиме со пријателска и добра соработка меѓу двете земји и ќе вложиме заеднички напори за постигнување на придобивки за двете земји на начин што ќе служи на интересот на народите и за двете земји“, дополна тој.
Заменик-министерот за внатрешни работи на Ирак, Хусеин ал-Авади изрази благодарност за донацијата од кинеската влада.
„Ја цениме поддршката од кинеската влада и оваа донација ,чиј дел е хуманитарна помош, а исто така е и логистичката поддршка што ја дава кинеската влада затоа што Ирак страда од некои недостатоци“, рече ал- Авади.
Заменик министерот на Ирак истакна дека кинеската влада е сериозна во соработката со ирачката влада во различни области, особено во нафтеното поле. Претходно, во март 2020 година, седум кинески здравствени експерти поминаа 50 дена во Ирак за да помогнат во спречувањето на болеста, при што тие помогнаа да се изгради лабораторија за PCR и да се инсталира напредна КТ скенер во Багдад. Кина испрати и три серии медицинска помош во Ирак.