АктуелноЛокално

Mедицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски” сведочи за хоророт во кој се лечат пациентите

Локалниот огранок на политичката партија Левица од Битолa реагира за состојбата во која се наоѓа медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски”. Од огранокот потенцираат дека ваквата катастрофална состојба е резултат на системското руинирање и кратење на државните финансии во јавното здравство со децении наназад.

„Од приложените слики можат да се видат лошите и неадекватните услови за работа, недостатокот на кадар и проблеми со финансирањето. Исто така, голем дел од опремата не е функционална, така што пациентите се приморани да одат во други градови. Беа разоткриени повеќе скандали за несовесно работење, но промени и одговорност сѐ уште нема.

Според сѐ, најавените реформи во здравството остануваат само неисполнето предизборно ветување. Во програмата на сега владејачката СДСМ, токму болницата во Битола беше наведена како приоритет, а меѓу другото беше истакнато дека „ќе започне реконструкција и опремување, вклучително и неопходен кадар на општите и клиничките болници“ низ Македонија.

Политичките елити со милионски буџети не можат да обезбедат елементарни услови во здравството, ниту пак да го гарантират основното човеково право на здравствена заштита – додека се трошат милионски суми на консталтинг услуги, анкети, мебел и службени возила. Единствено граѓаните и нивното здравје се на удар и ризик од ваквата неорганизираност, неспособност и корумпираност на владејачкиот естаблишмент.”


Медицинскиот центар „Д-р Трифун Пановски”, една од најпознатите здравствени институции во земјата, во последно време…

Posted by Левица – Битола on Saturday, 23 January 2021