Апасиев тврди дека Законот за попис е неуставен
Претседателот на Левица, Димитар Апасиев на својот профил реагираше за Законот за попис на населението кој денеска беше изгласан во законодавниот дом.
„Законот за ПОПИС во сред пандемија и прогласена кризна состојба е спротивен на чл. 39, ст. 2 од Уставот на РМ: „Граѓанинот има право и ДОЛЖНОСТ да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите“! Значи, јас – по сила на устав – сум должен да не ги примам попишувачите дома во сред епидемија, оти може да ме заразат со коронавирус
.p.s. Да немавме Кацарска-судство, ќе ви паднеше како круша на Уставен суд. Ај, ако иам време деновиве, може и ќе ви го оспорам – чисто да ги тестираме ставовите на нашите „угледни правници“ и да се смееме со студентите на вежби за вашите експертутски правни мислења.” – напиша Апасиев.
За носењето на Законот за попис во скратена постапка реагираше и пратеникот на Левица – Борислав Крмов, кој ја обвини власта дека законот го носи со кршење на деловничките процедури.
„
„И повторно моравте и законот за ПОПИС да го донесете со силување процедура и силење. Еден закон можете ли донесете без да се силите? Еден закон? Давате збор и процедурално само ако ви се сака, се гласа и кога треба пауза да има. Иако имате обезбедено мнозинство го кршите Деловникот и кога не морате, само да покажете сила! Вака ли ќе носите Закон за попис и ќе биде „статистичка операција по светски стандарди“!? Вие не сте ништо повеќе од банда силеџии и насилници. Се ова ДЕСЕТКРАТНО ќе ви го удриме од глава така да знаете. Вашето време поминува, а нашето доаѓа!” – реагираше пратеникот Крмов.
И повторно моравте и законот за ПОПИС да го донесете со силување процедура и силење! Еден закон можете ли донесете без…
Posted by Борислав Крмов on Thursday, 21 January 2021
„