Сирија пресретна обид за бомбардирање од Израел на Бадник
Сириските медиуми пренесоа дека биле пресретнати напади од страна на Израел во пресрет на католичкиот Бадник. Како што објавија медиумите, сириската противвоздушна одбрана одговорила на израелскиот ракетен напад кој бил насочен кон западниот дел на областа Масјаф. На сириската државна телевизија беа емитувани слики од воздушната одбрана кои ги пресретнуваат израелските ракети на небото над Масјаф.
Како и многу пати претходно, Израел често бомбардира реони каде се стационирани силите лојални на сирискиот претседател Башар ал Асад и неговите сојузници, либански или ирански шиитски милиции. Во најновиот напад, израелскиот напад предизвикал најмалку шест смртни случаи, а уште не е познат бројот на повредени. Се претпоставува дека нападот бил насочен кон научно-истражувачки центар во Масјаф.
И покрај бројните воздушни напади извршени врз Сирија периодов, ниту една држава или група официјално нема преземено одговорност. Сепак, месецов официјални лица од Израел изјавија дека спровеле бројни операции во Сирија насочени кон, како што тврди израелската војска, групи поддржани од Иран, наводно лоцирани во Арапската Република.
Дамаск претходно го обвини Тел Авив за нелегални воздушни напади врз Сирија и ја повика меѓународната заедница да изврши притисок врз Израел по ова прашање.
Footage of a missile that fell in Zabadani, Countryside of Damascus, Syria 🇸🇾 pic.twitter.com/yra6kp22py
— Suribelle (@Suribelle1) December 30, 2020