Левица: Богоев троши шест милиони денари за пропаганда додека одбива седниците да се снимаат
Од Локалниот огранок Карпош при Левица реагираа дека додека општината ги задолжува жителите на Карпош, во наредната година ќе локалната власт ќе потроши 6.855.000 денари за односи со јавноста и пропаганда. Оваа одлука била изгласана вчера од страна на владејачкото мнозинство во општината.
„И во наредната година ќе се потрошат 4.000.000 денари за печатење на општинскиот магазин „Карпош ИН“ кој служи за партиска пропаганда на СДСМ Карпош. Дополнителни, нешто над 1.000.000 денари ќе се потрошат за транспарентност. Скандалозноста на оваа ставка призлегува од фактот што Стефан Богоев и советниците на СДСМ упорно одбиваат седниците да ги отворат за јавност, односно, истите да бидат снимани и прикачувани на интернет. За мерење и анализа на перцепцијата за работата на општината и градоначалникот како институција ќе се потрошат 300.000 денари.” – се наведува во објавата на Левица.
❗️ И додека општината ги задолжува жителите на Карпош, во наредната година ќе потроши 6.855.000 денари за односи со…
Posted by Левица – Карпош on Tuesday, 29 December 2020