По скратена постапка се шверцува исклучително важен Закон за државјанство
Статус на Горан Лазаревски.
Се повеќе се сомневам дали идиотот на власт активно работи на растурање на државата или стварно до толку е идиот. По скратена постапка шверцаат исклучително важен закон за државјанство, за кој во земји како во Америка се водат дебати со години и се дел од секоја изборна кампања. Предложениот текст има многу фалинки, но капак на се е член 26-а, со кој ќе станеме единствена земја во свет од која ќе може да добие државјанство буквално секој кој ќе посака од бившите ЈУ републики.
Овој член нема никакви условувања: ниту документи од 1991 се потребни, ниту моментално живеалиште, ниту откажување од постоечкото државјанство, ниту познавање јазик, буквално ништо не е потребно. Само еден локален “сведок” е доволен (или три нелокални) кој на лепе очи ќе каже дека лицето до 1991 живеело тука. Не 70,000 – 2 милиони Косовари да побараат државјанство, ќе добијат. Доколку добро се организираат, ништо нема да може да ги спречи другарчињата на Села и Ахмети од Косово да си земат двојни државјанства и на секои 4 години да тркнат до Скопје од Приштина, саат време пат, и да ни го бираат парламентот. Во таа смисла, пописот е најмал проблем – во прашање е државата.
Да се разбереме, ниеден разумен граѓанин не е против тоа да Албанците кои со години живеат и допринесуваат за Македонија, без разлика каде се родени, добијат државјанство и се стекнат со сите права кои им следуваат со тоа. Постојниот закон тоа го дозволува на навршени 8 години престој. Има и услов да мора да се познава македонскиот јазик, и за тоа треба да разговараме дали е разумно или не, дали 8 години се премногу долго или не. Но да раздаваме државјанства на жими мајка на секој кој ќе посака, тоа го нема никаде во свет. Овој член мора да падне. Во спротивно, ќе падне државата. Please share.
Се повеќе се сомневам дали идиотот на власт активно работи на растурање на државата или стварно до толку е идиот. По…
Posted by Goran Lazarevski on Wednesday, 16 December 2020