Именцето отиде, ЕУ ја нема, а власта стоо!
Министрите за европски прашања на земјите членки на ЕУ денеска виртуелно ќе го одржат Советот за општи работи на кој требаше да се усвои рамката за преговори со Македонија и Албанија. Бугарските власти веќе потврдија дека ќе ја блокираат преговарачката рамка за Северна Македонија поради билатералните несогласувања. За поразот на македонската дипломатија реагираше и Трајче Стојанов, професор на Универзитетот „Гоце Делчев”.
Ау-ау-ау! Патриотизмот пак влегол во мода, а!? Прогресивното граЏанство лелека и јачи. Одеднаш во нив проработеле силни национални чувства, та не само што фрлаат дрвја и камења против братјата Б`лгари, не само што одеднаш ЕУ да ти станала…Вавилонска, ами сега да се биде патриот да ми ти било и „ин“…. Оти порано тоа беше работа за небањатите и шовинистите!
Пази молим те, цела интелектуално-новинарска елита на „севернава“ плука против Захариева и Бугарија, а молчи и не бара одговорност од оние кои не убедуваа „уште именцето и готово“! Ајде беее! Зошто? Зошто ви е крива Захариева и Бугарите? Затоа што тие си ги бранат сопствените националните интереси, а нашиве се неспособни да го направат тоа!? Види чудо: бараме да промениме туѓа политика, а не бараме одговорност од својата!!!
Ааа, не така драги мои, не! Та вие бевте „за влез во ЕУ и НАТО, со прифаќање на Преспанскиот“! И сега наместо со тој анти-ЕУ сентимент да си ги перете гревовите, треба да си ги сносите последиците. Именцето отиде, ЕУ ја нема, а власта стоо! Како бе така? Не, не, немојте сега дефетизам, немојте со тој очај, не! Сега со истиот позерски, идиотски оптимизам од Преспа, да ја решите и Бугарија, наместо да ја обвинувате, затоа што таа прави она што секоја нормална држава го прави – ги брани своите интереси!
Кој не гледаше дека ова е логичен след на Преспа или беше слеп, наивен и глуп, или само манипулирал со сите граѓани! А, вие интелектуално-новинарско прогресивно граЏанство, со ова перфидно префрлање на одговорноста кон Бугарија, наместо кон вашите политичари чија политика ја протежирате, дополнително го омаловажувате вашиот народ!
#СметкитеТребаДаСеПлатат
Ау-ау-ау! Патриотизмот пак влегол во мода, а!? Прогресивното граЏанство лелека и јачи. Одеднаш во нив проработеле силни…
Posted by Трајче Стојанов on Monday, 16 November 2020