АктуелноЛокално

Левица поднесе барање да се стави на дневен ред Предлог-декларацијата

Политичката партија Левица преку своите пратеници – Димитар Апасиев и Борислав Крмов – поднесе официјално писмено барање до претседателот на Собранието Талат Џафери за ставање на Предлог-декларацијата за осуда на бугарските национал-шовинистички претензии како точка на дневен ред за наредната Дваесет и прва пленарна седница.

„Ова пратеничко право им го дава чл. 14 од Законот за пратениците и чл. 69 од Деловникот на Собранието на РМ, кој предвидува дека секоја втора редовна седница претседателот е должен да стави точка на дневен ред по барање на парламентарната опозиција”, соопштија од Левица.

Од таму дополнуваат дека очекуваат од спикерот Џафери да ја исполни својата деловничка должнот и веќе на следната планирана седница да се расправа за ова горливо прашање поврзано со нашиот национален идентитет.