Локално

Апасиев го осуди нападот врз Палески: Не си играјте со оган

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, го осуди нападот врз Љупчо Палески, предупредувајќи дека насилството раѓа ново насилство.

“Сега ви е појасно дека мојот собраниски говор при изборот на оваа (страхо)Влада, кога ја споредив со тиранија, воопшто не беше хиперболизирање Ако ова лудило на властодршциве продолжи, да не влечат по затвори, судови и обвинителства и да не тепаат до смрт – ќе бидеме принудени да формираме наша народна црвена милиција за одбрана и заштита од силеџиите спопикани во секоја пора на власта! Не си играјте со оган. Насилството раѓа насилство” напиша Димитар Апасиев на Фејсбук.

Ја не се сеќавам у време на Грујо вака со шипки и боксирачи да ги замолчуваа ПОЛИТИЧКИТЕ НЕИСТОМИСЛЕНИЦИ!?Сега ваљда…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Четвъртък, 17 септември 2020 г.