Скопје повторно гордо: Прв најзагаден град во Европа – Петти во светот
Според податоците на специјализираната страница за мерење на квалитетот на воздухот, IQAir, главниот град на Македонија, Скопје утрово е најзагаден град во Европа, а петти во светот.
На листата на најзагадени градови во светот е Делхи, потоа следуваат Лахор, Каиро, Ташкент, Скопје, Багдад, Атина и Катманду.
Препораките на надлежните се да се избегнува подолг престој на отворено, а до граѓаните се апелира повеќе да се потпираат на јавниот превоз и да ги остават автомобилите во своите домови.
Потсетуваме, дека ВМРО-ДПМНЕ три години управува со локалната власт, односно Градот Скопје и најголем број од општините, а веќе пет месеци има апсолутна власт во државата, но за казнување на загадувачите нема преземено ништо. Во предлог буџетот, скороен од нивната Влада, речиси и да нема апсолутно никакви напори за решавање на овој проблем.
Во меѓувреме, бројот на луѓе со респираторни заболувања нагло се зголемува, а се почесто родителите на децата во предшколска возраст споделуваат информации за проблемите со дишење кои ги имаат нивните деца.