АктуелноБиблиотекаИнтернационално

За планската економија

Извадок од “Предавање за фашизмот” на Палмиро Тољати.


Капиталистичката економија е анархична, не само затоа што капиталистите на покажуваат добра волја, туку и затоа што се заснова на профит.  Само по победата на револуцијата што би го уништило фундаменталните принципи врз кои се темели капиталистичкото општество ќе може да се зборува за планирање. Невозможно е да се спроведе економско планирање на економијата на кој било друг начин. 

Економијата може да се испланира во Советскиот Сојуз токму затоа што таму е уништен капиталистичкиот систем и работничката класа ја организира својата економија на нови принципи.

Што всушност се крие зад активностите кои во капиталистичката економија се претставува како планирање? Зад нив се крие интервенција на клучните, најмоќни слоеви на капитализмот во економскиот живот, интервенција на финансискиот капитал во целата организација на економијата на земјата, користејќи го државниот апарат, државната машина.

Може ли да се надминат антагонизмите, како основна контрадикција со помош на планирањето? За ова не може ниту да сонуваш. 

Обидите да се направи како економска програма на капиталистичкото планирање не се ништо друго, ништо повеќе од формулирање во пропагандни термини на она што се случило под притисок на кризата. Формулацијата во духот на социјалната демагогија не се ништо друго – туку пропагандистичко маскирани процеси кои всушност се случуваат во сите пропаѓачки империјалистички земји, во кои финансискиот капитал ја шири својата доминација и настојува да ги исфрли сите останати.

Спротивно на тоа, антагонизмите станувааат поостри.

Главната противречност помеѓу развојот на продуктивните сили и растот на потрошувачката, што не го одржува чекорот со овој развој заради приватната форма на присвојување, расте. На ова треба да се додадат и други противречности. Борбата меѓу групите капиталисти се интензивира.