Зошто да не се отвараат училиштата и градинките
Зошто сметам дека не треба да се отвараат градинките и училиштата, туку да се фокусираме на тоа како да се почне со on-line настава.
1. Како прво, нема средства за одржување на лична хигиена, нема сапуни,тоалетна хартија, дезинфициенси и средства за чистење. Убаво би било да има и УВ ламби кои би биле вклучени навечер. Но, ете има и ординации кои тоа го немаат,а камоли пак училиштата. Затоа да не се залажуваме дека можеме да се справиме со Covid кога до пред извесно време во градинките ни се појави МРСА (Метицилин резистентен Staphilococcus aureus ) и шуга (Scabies) во училиштата.
2. Маските колку што можат да помогнат, толку можат и да одмогнат во профилаксата. Во детски раце ненавикнати на постојано миење, маските лесно може да станат извор на зараза доколку правилно не се користат и постојано завршуваат фрлени некаде на клупи,столчиња и сл.
3. Факт е дека нема услови, нема ресурси, нема план – туку има само “мерки за заштита”. Како би се спровеле тие “мерки за заштита” без план ,без ресурси,без услови никој не знае.
Многумина велат „Важно е менталното, физичкото здравје, социјализацијата и квалитетно образование за развој и едукација на децата“. Оваа реченица во услови на пандемија со респираторен вирус кој брзо се шири и одзема животи е толку контрадикторна и смешна.
Еве да ја разглобиме дел по дел.
1. Какво ментално здравје би имало тоа дете ако до крајот на животот ќе се обвинува самото себеси дека е причина за зараза-смрт на свој близок член од семејството (татко, мајка, сестричка, братче…)?
2. Какво физичко здравје би имало тоа дете кога полека, но сигурно, ќе почнат да излегуваат докази за компликациите кои вирусот ги остава врз белите дробови, другите главни органи, а посебно имуниот систем. Веќе знаеме дека стотици деца и возрасни позитивни на корона низ држави во Европа и Америка пројавиле мулти-системска инфламаторна болест налик на Kawasaki и токсичен шок синдром. Толку од физичкото здравје за тој број на несреќни случаи, колкав број би имало статистички кај нас ќе видиме после септември.
3. „Социјализацијата била битна.” Да, точно, но нели една од мерките е држење дистанца? Зарем држењето дистанца не е антисоцијална мерка? Социјализација со држење дистанца на голем одмор во училиште? навистина не можам да замислам како тоа би изгледало.
4. За крај – ‘’квалитетно образование“. Барем за мене ова е најсмешно, затоа што ние и досега мака мачевме за да се направат реформи во образованието кои би го направиле поквалитетно од ова сега што го имаме. Да ги направевме реформите со време како што е дигитализација, обука на наставниците за on-line предавања, скратување на програмата која е пренатрупана, разлабавување на наставниците во однос на административната работа која ги преоптоварува мислам дека колку-толку ќе бевме спремни за нова квалитетна училишна година.
Илузорни се тврдењата или барањата докази за тоа дали децата се значаен фактор за трансмисија или пак дали децата го пренесувале вирусот на возрасните. Вирусот Covid 19 мутираше и се пренесе од лилјаци на луѓе, потоа од луѓе на домашни миленичиња, па одовде логички би било дека може и децата да го пренесуваат. На крај се воспостави со две нови студии дека децата најмногу го шират вирусот затоа што одржуваат ниско ниво на хигиена и имаат најголем број на вирусни партикли во назофаринкс.
Вистинската причина поради која се врши овој притисок за да се отворат училиштата, за жал, не е грижата за здравјето на децата. Причината е да се вратат работниците назад во нивните фабрики поради чисто профитерство. Ако им беше грижа на властите немаше да распишат предвремени избори само за да си ја задржат власта, а потоа да си отидат на 20-дневен одмор.
Најбезбедно решение додека се чека вакцина е онлајн настава, со што би се подготвила унифицирана платформа за нејзина изведба и би се одржувале онлајн обуки за наставниците од страна на МОН. Покривање на секое населено место со интернет, пренамена на средствата за транспорт на учениците кои што не беа искористени во претходната учебна година за набавка на лап топ на оние кои им е неопходен,