Предлог на Независен синдикат за образование и наука за организација на настава во учебната 2020/2021
Независниот синдикат за образование и наука (НСОН) го објави својот предлог за организација на наставата за претстојната учебна година. Предлогот во целост е прикажан во продолжение.
Почитувани,
Земајќи ги во предвид спротиставените ставови на родителите во однос на тоа дали е покоректно наставата да се одржува on-line или со физичко присуство, како и спротиставените ставови на вработените во секторот образование по ова прашање, НСОН реши да излезе со предлог-идеја за надминување на овој проблем и решавање на спорот помеѓу спротиставените страни кој, за жал, почна и да ескалира. Имено, ние во целост ги разбираме ставовите на родителите и наставниците, и на оние кои што се за започнување на настава со физичко присуство како и на тие кои сметаат дека е потребно наставата да се одвива on-line. Дел од наставниците се подготвени да преземат ризик и во услови на пандемија да ги извршуваат своите работни задачи во училиштата. Истовремено, во целост го разбираме и ставот на колегите кои покажуваат револт кон идејата физички да присуствуваат во училиштата, особено од гледна точка на возраста и воведат во училиштата, и натаму ќе постои не мал ризик од евентуално ширење на заразата со вирусот COVID-19.
Затоа, НСОН предлага привремена централизација на училиштата под капата на МОН т.е секој просветен работник да се третира како непосредно вработен во Министерството за образование, а не на училиштата како што е досега. Тоа би било во функција на ефикасна организација на втор образовен систем преку кој воспитно-образовниот процес ќе се врши преку online апликациите, а воедно да продолжи и веќе постоечкиот образовен систем каде наставата се врши со физичко присуство на децата и на просветните работници. На родителите на децата како и на просветните работници да им се овозможи избор кој образовен систем ќе го прифатат, со оглед на возраст, здравствена состојба, подготвеност за реализација на online настава.
На ваков начин би се испочитувал изборот на сите засегнати страни, училиштата би се растовариле за поедноставно организирање настава со физичко присуство, и не би било загрозено здравјето на хронично болни деца и наставници.