Локално

Левица со сеопфатен план за развој на земјоделството

Го пренесуваме во целост, краткиот пресек на програмата на Левица за земјоделство, објавен од страна на локалниот огранок Левица Куманово:  


Стратегијата на Левица за земјоделство е планска и сеопфатна, произлегува од потребите на самите земјоделци и е промислена заедно со нашите членови – земјоделци.  Мерките целат кон реализирање на огромниот потенцијал на земјоделството, со зголемена и насочена државна поддршка, за поттик на производство на здрава храна, развој на економски-компетитивно производство, продуктивно искористување на земјоделските земјишта ширум државата итн. Програмата вклучува 75 мерки насочени кон создавање на планска државна политика за земјоделството, како и сточарството, шумарството, пчеларството: 

Аграрна реформа и институционално зајакнување: Воспоставување на државна АГРОБАНКА за поддршка на ситните земјоделци; Поттикнување на задругарството; Даночно олеснување; Подобрување на постоечките институти и факултети за земјоделство, сточарство, полjoделство, градинарство, тутун и др; Заштита од елементарни непогоди итн.

Протекционистичка земјоделска политика: Бескаматни и неповратни средства за набавка на нова, модерна земјоделска механизација и орудија за работа; субвенционирање на индивидуалните земјоделци; сузбивање на т.н. зелена/ кванташка мафија); субвенционирање на стратешките земјоделски гранки; двојно зголемување на субвенциите за ситните индивидуални земјоделци; субвенционирањето за органското производство итн.

Земјоделско земјиште: Бесплатно делење земјишни парцели на ситни земјоделци; Воведување аграрен максимум со цел неможност од создавање на велепоседници; организирање и класифицирање на плодното земјиште и негова поделба на задругарските земјоделски производители; стратегија за деконтаминација на почвата итн.

Договорно производство на здрава храна со контролирано потекло: Планско земјоделско производство утврдено преку повеќегодишна стратегија за земјоделски развој, заснован на научна и екпертска анализа на неговите потенцијали и можности; Рестартирање на некои од старите ЗИК кои се во запуштена состојба итн;

Пласман на земјоделските реколти (државни откупи и контрола при наплата): Утврдување гарантирани откупни цени; нов Закон за зелени пазари, по урнек на пазарџиите; Дестимулирање на увозот на земјоделски и сточарски производи кои се произведуваат дома;  Регионалната соработка со соседите за заеднички настап на трети пазари.

Професионализација и стручна едукација на земјоделците: Здравствено и пензиско осигурување на секој регистриран индивидуален земјодлелец; Едукација за самоодржливост за нови практики на култивирање итн;

Рурален развој:  Државен план и поделба на површините на два типа: (а) површини за органско производство, со стар автохтон семенски материјал, добиток и сл.; и (б) површини за интензивно масовно производство; Делење државно земјиште во руралните средини; Субвенционирање на млади земјоделци итн;

Сточарство и пчеларствo: Бeсплатни ветеринарни услуги за фармерите; Укинување на „пашарината“;  Планирање државни квоти за задоволување на потребите на домашниот пазар; Стандардизација на пчеларските производи и унифицирање на стандардите за производство и амбалажа на мед;

Лов и риболов: Враќање на забраната за ловење во национални паркови. Ревидирање на издадените концесии за ловишта; Забрана за издавање под концесија на рибниот фонд на трите природни езера за стопански риболов и преземање од страна на стручна државна институција;

Шумарство: Катастар на шумскиот појас; Целосна ревизија и утврдување на фактичката состојба со шумскиот фонд со цел утврдување на загубите и преземање итни мерки за пошумување; забрана за т.н. гола сеча на шуми и кории; борба против шумската мафија која делува како „организиран криминал“;

Водостопанство: Субвенционирање на нови технологии и штедливи системи за наводнување на земјоделските површини; Инвестирање во регионално планирање за рационално искористување на водите; Обезбедување водоводи со чиста вода за пиење, за домашни потреби, во руралните средини итн.

#ДржаватаЗаНародот#ЛевицаЗаЗемјоделство#ЛевицаВоПарламент#ЗемјоделствоЗаНародотНашата стратегија за земјоделство е…

Публикувахте от Левица – Куманово в Вторник, 7 юли 2020 г.