САД со кампања против кубанската медицинска помош
Соединетите Американски Држави започнаа активна медиумска и дипломатска кампања против мисијата на кубанската медицинска помош, поради што САД ги притиска државите кои примаат кубански медицинки персонал и друга медицинска помош, да ја отфрли помошта во текот на пандемијата на корона вирусот. Kуба игра водечка улога во глобалната борба против пандeмијата, со испраќање на медицински тимови и помош на некои од најтешко погодените земји, вклучувајки ја и Италија.
Официјален Вашингтон ја обвинува Куба дека има за цел да не го запре ширењето на вирусот, туку да профитира економски од кубанската програма за медицинска помош.
Во реалноста, Хавана организира бесплатно десетици медицински мисии, при што некои земји плаќаат за медицинска помош. Оваа практика носи околу 6,3 милијарди долари годишно на Куба, помагајќи да се ублажи влијанието на американската економска блокада што трае веќе шест децении.
Хуманитарната медицинска програма на Куба беше развиена по револуцијата во 1959 година и донесе здравствена заштита во сиромашните земји низ целиот свет. Според кубанското Министерство за надворешни работи, повеќе од 600.000 лекари, медицински сестри и медицински техничари се испратени во повеќе од 160 земји од 1960-тите. Програмата во моментов е активна во околу 60 земји.