АктуелноИнтернационално

Воена вежба во време на корона

Во време кога Европа се соочува со најголемиот предизвик по Втората Светска војна, а Италија и Шпанија со последни сили се борат против коронавирусот, “мирољубивиот” НАТО се подготвува за најголемата воена вежба на територијата на Европа во последните неколку децении.

Главниот дел од вежбата именувана како Defender Europe 20. ќе се спроведе во април и мај, низ повеќе земји вклучувајќи ги Франција, Белгија, Холандија, Германија, Чешка, Австрлија, Полска, Шведска, Летонија, Литванија и Естонија. Токму и во овие три балтички земји ќе биде сконцентрирана најголемата воена моќ. Дури пет од вкупно седумте клучни настани од оваа вежба ќе бидат завршени во овие три земји.

Вкупно 37 илјади војници ќе заземат активно учество во оваа воена вежба. Од нив, 20 илјади се американски, а останатите војници доаѓаат од следните 17 земји: Белгија, Канада, Чешка, Германија, Данска, Шпанија, Естонија, Финска, Франција, Велика Британија, Грузија, Италија, Унгарија, Литванија, Латвија, Холандија и Полска.

Целата оваа вежба ќе ги чини даночните обврзници на НАТО земјите неколку милиони евра, но она што е вознемирувачки е тајмингот. Европа е пред колапс. Коронавирусот не може да се контролира, а импликациите врз националните економии на Италија и Шпанија веќе се чувствуваат. Европа својата безпомошност ја покажува уште на почетокот на пандемијата со коронавирусот, но наместо заедничка борба против оваа пандемија, за земјите членки на НАТО предводени од САД поголем приоритет е демонстрацијата на воената способност и надмоќност.

Она што е уште поконтроверзно, е тоа што вежбата се изведува на самата граница со Русија. Со ова уште еднаш, САД и НАТО се обидуваат преку провокации и нарушување на суверенитетот на Русија да предизвикаат глобална криза и да го втурнат светот во нови преписки помеѓу Русија и НАТО.

“Оваа вежба не е насочена против било која конкретна земја” изјави Јенс Столтенгерг за Франспрес. Тој додаде дека поклопувањето со традиционалната мајска парада во Москва која годинава ќе ја одбележи 75 годишнината од победата над нацистичка Германија е само случајност. 

Од друга страна Русија остро ги осуди овие провокации. “Сега ниту во НАТО, ниту во Вашингтон не кријат дека потенцијален противник во рамките на овие вежби е Русија. Сепак тоа нас нема да не’ натера да го промениме надоврешно-политичкиот курс” велат од Министерството за надворешни работи на Русија. Од таму додаваат дека низ историјата многумина се заканувале на Русија, но сите тие обиди завршувале неславно.