АктуелноЛокалноСтав

Кого мафтате бе?!

Статус на Реџеп Исмаил (Хактан), член на Президумот на Левица.


Во услови каде огромен дел од целокупната економска активност како и потенцијал за активирање на истиот (меѓу другото и во кризни состојби) се расцепкани по приватни раце; уште и капацитетот на работната сила поделен под рента по приватни и странски раце, вашите ЕКОНОМСКИ МЕРКИ СЕ ДОПОЛНИТЕЛНА КРАЖБА НА НАРОДОТ!

И одозгора на сето ова, самата жртва на оваа кражба ја заложувате во иднина да таа треба тридупло да изработи за да им врати токму на овие, кои претходно низ изминативе години алчно и себично ги собираа плодовите на нашата почва и пот: изградија сараи (огромни куќи и цели згради а некои дури и цели населби?!); приватни болници и школи; луксузни ресторани, недостижни хотели и одмаралишта; направија свои војски (приватно обезбедување); создадоа свој – одвоен и отуѓен од народот – фолклор и култура (купени и национално изгубени уметници); и на крај и целосно ја завземаа државата претварајќи ја во сурова алатка токму во рацете на владејачката бизнис-класа!

КОГО МАФТАТЕ БЕ!?Во услови каде огромен дел од целокупната економска активност како и потенцијал за активирање на…

Публикувахте от İsmayıl Rəcəb в Събота, 21 март 2020 г.