АктуелноЛокално

Филипче тројно ги покачи лековите на болните од астма

Лицата болни од астма и други болести белодробни болести, дијабетичарите, лицата со остеопороза, лица со Паркинсонова болест, но и други од неодамна плаќаат доплата или партиципација за лекот и по три пати повисока.  Станува збор за лица со болести кои практично без овие лекови не можат ниту еден ден. Од овие лекови со три пати зголемени цени им зависи животот на луѓето.

Квотите за лекови минатата година од октомври се укинати, но оттогаш неколкупати беа сменети сумите на доплата што ги плаќаат граѓаните. Но, со последната промена за некои од лековите доплатата е двојно зголемена, а за некои граѓаните плаќаат и до три пати повеќе.

За илустрација лицата со болести на бели дробови, или оние кои имаат астма или ХОББ кои ги користат спрејовите Спирива и Фликсотиде ќе плаќаат повеќе од двојно поголема цена. За Спирива респимат до јануари граѓаните плаќаа доплата од 280 денари, а сега доплатата за овој лек е 612 денари. Лицата со астма кои го користат спрејот Фликсотиде претходно плаќаа 120 денари, а сега 305 денари. Или станува збор за цена скоро три пати повисока цена. 

Лицата со остепороза ако партиципација за лекот плаќале 70 денари, сега плаќаат доплата од 121 денар, а станува збор за лековите Аладроник, Бонвива. Овие лекови се зголемени за околу 60 проценти. Мирапексинот што го користат лицата со Паркинс плаќаа доплата од 240 денари, а сега плаќаат 425 денари. И овие пациенти ќе плаќаат речиси двојно поголема доплата.  Дијабетичарите за лек плаќаа доплата од 65, а сега 71 денари. Станува збор за лекот Метформин или Глукофаж, а зголемувањето на доплата е за 10 проценти.

Фондот за здравствено осигурување последен пат го смени Шифрарникот со кој се утврдуваат референтните цени на лековите на 17 јануари. Практично референтни цени се оние кои ги плаќа Фондот, а разликата до цената на лекот ја плаќа граѓанинот. Значи со намалување на референтната цена се зголемува доплатата или парите кои ги даваат граѓаните. Инаку од укинувањето на квотите во октомври 2019 година Шифрарникот е сменет четири пати.