АктуелноЛокално

Апасиев за двојните стандарди на Обвинителството

Професорот и членот на Президиумот на Левица, Димитар Апасиев на својот фејсбук профил објави скандалозно решение на ОЈО- Скопје со кое таксист од Велес е обвинет за „загрозување на безбедноста”, поради наводни закани кон обвинителката која не му дозволила увид во предметот за неговата почината ќерка.

Професорот Апасиев во истиот пост укажува на случајот со Мефаил Арслани – адвокат на координаторот на пратеничката група на ДУИ – Ејуп Алими кој е обвинет од СЈО за уништување изборен материјал во предметот „Титаник 3“. Адвокатот Арслани и покрај искажаните закани кон обвинителот Гаврил Бубевски, надлежна обвинителка во истото ОЈО Скопје од претходниот случај – Спасенка Тумановска ја отфрла кривичната пријава со паушално образложение дека „делото за кое е пријавен адвокатот не е кривично дело кое се гони по службена должност. Во продолжение ја пренесуваме целата објава:

„Пардон на подолгиов пост, несвојствен за мене. Ама ценам дека предавањето на Правото е обезвреднето ако во практиката ја исмеваме идејата за Правда. Па затоа сакам да кажам дека: не е секогаш до законите, другари – некогаш е и до ЛУЃЕТО кои работат во „институциите на системот“. Оти нивната корумпираност и некадарност ја плаќаме сите – кој со пари, кој со здравје, кој со живот.

Како професор по право, сакам пластично да ви ги доловам ДВОЈНИТЕ СТАНДАРДИ на најрасипаниот орган во нашиот правосуден систем – Јавното обвинителство (особено ОЈО Скопје), за самите да се уверите до каква беда и мизерија се доведени сите начела на правото и Правдата на кои ги учиме студентите…

СЛУЧАЈ БР. 1:
Тоше – таксист од Велес, досега неосудуван, татко на млада девојка загината во сообраќајна несреќа во Србија, кој едвај крпи крај со крај возејќи низ градот, а кому не му било дозволено увид во списите на предметот за неговта ќерка, изреволтиран од тоа како се води постапката, на улица случајно ја сретнал обвинителката која постапува во предметот и наводно и рекол: – „ТИ ВАКА НЕМА ДА ПОМИНЕШ. ЌЕ МЕ ЗАПАМТИТЕ. ЌЕ ВИДИТЕ ШТО ЌЕ ВИ СЕ СЛУЧИ. ВАКА НЕМА ДА ВЕ ОСТАВАМ“. За ова единствен сведок е сопругот на обвинителката!?
Нејзина колешка од ОЈО Скопје – Елена Иваноска Миноска покренува кривична постапка против таткото за сторено кривично дело „Загрозување на сигурноста“ со запретена полугодишна затворска казна – откако претходно истиот е филмски уапсен и претресуван од припадници на МВР и со лисици спроведен во Кривичниот суд Скопје, при што му се определени и мерки на претпазливост „забрана за приближување до оштетената“ (иако дотичнава обвинителка барала и мерка „притвор“).

СЛУЧАЈ БР. 2:
Мефаил Арслани – адвокат на координаторот на пратеничката група на ДУИ – Ејуп Алими, кој е обвинет од СЈО за уништување изборен материјал во предметот „Титаник 3“, во присуство на сведокот Фатиме Фетаи, на обвинителот кој го води неговиот случај Гаврил Бубевски, во судот, на самото рочиште, дрско и заканувачки им рекол: – „ТИ СИ НАША, МОЖЕ ЛЕСНО ДА ПОМИНЕШ, АМА НА ТОЈ КАУРОТ ЌЕ МУ ЈА РАСПЛАЧЕМЕ ФАМИЛИЈАТА“!
Надлежна обвинителка во истото ОЈО Скопје од претходниот случај – Спасенка Тумановска ја отфрла кривичната пријава со паушално образложение дека „делото за кое е пријавен адвокатот не е кривично дело кое се гони по службена должност“!?

p.s. Сега ваљда сфаќате зошто е најтешко да предаваш право во бесправна држава која наликува на жива рана полна со корупција 🙁

p.p.s. Редно време е и новинарите да престанат со таа опасна ДЕПЕРСОНАЛИЗАЦИЈА, па наместо општите називи на државните органи, да почнат да ги објавуваат имињата и презимињата на конкретните протагонисти – за да може јавноста да си направи свој ќелеш-тефтер.”

Пардон на подолгиов пост, несвојствен за мене. Ама ценам дека предавањето на Правото е обезвреднето ако во практиката ја…

Публикувахте от Димитар Апасиев в Понеделник, 16 септември 2019 г.