АктуелноИнтернационално

Кина со порака до САД: Не го ’бутајте носот’ во внатрешните работи на Кина за Хонг Конг

Кина го предупреди претседателот на САД, Доналд Трамп, за неговиот обид да покрене паника и узбуна со пренесување на Твитер за носењето на кинески воени трупи близу границите на Хонг Конг.

„САД треба да се погрижат за сопствените домашни работи и да престанат да се занимаваат со внатрешните работи на Кина“ се вели во извештајот кој министерството за надворешни работи на Кина вчера го упати како повик до САД. 

Сличен повик дојде и од Zhang Hanhui, новоименуваниот кинески амбасадор во Москва, кој потсети дека Хонг Конг е кинески, а не „американски“ или „англиски“, и на тој начин ги предупреди сите тенденции на странските сили да не го “бутаат носот во внатрешните работи на Кина”, пренесува ТАСС. 

Сепак, кинеската реакција со распоредување на воени трупи близу Хонг Конг воопшто не беше тајна, бидејќи кинеските медиуми прикажаа снимки на вооружената полиција која се движи кон провинцијата Шенжен, која пак граничи со Хонг Конг. Минатата недела цивилната полиција спроведе вежби во Шенжен, во која беа вклучени 12.000 офицери, оклопни возила, хеликоптери и амфибиски возила, вест која беше објавена нашироко.

Во Хонг Конг има протести од крајот на март. Првично насочени кон запирање, на сега веќе суспендираната, одлука со која ќе се овозможи екстрадиција на криминалци осомничени во континентална Кина. Протестот оттогаш ескалираше во антивладино движење. Имаше голем број насилни расправии меѓу демонстрантите и полицијата во Хонг Конг.

За Пекинг е многу сомнителна улогата на Вашингтон во настаните во Хонг Конг. Еден американски дипломат беше фатен како се состанува со еден од водачите на протестот, но Вашингтон го занемари тоа велејќи дека одржувањето контакти со разни луѓе е сосема нормално. Кинеските власти соопштија дека некои членови на протестот се однесуваат како насилници и бандити, наместо како легитимни активисти.

Пред два дена и Хилари Клинтон се огласи со твитер-статус со кој ги поддржа “протестите во Хонг Конг во нивната борба за демократија и слобода од опресијата”, реакција која наиде на голем отпор и беше оцената како уште едно лицемерно мешање на американската администрација во суверенитетот на други држави.