Библиотека

Симон Боливар – Ослободителот

Потешко е да се одржи рамнотежата на слободата
отколку да се издржи тежината на тиранијата.


На денешен ден пред 236 години роден е Симон Боливар, венецуелски револуционер кој ја започна борбата за независност од шпанската колонијална власт во Латинска Америка и кој се бореше за зајакнување и обединување на земјите од Латинска Америка против европските колонијални сили и САД.

Боливар беше венецуелски воен лидер и политичар, кој стана познат како “El Libertador” (“Oслободителот”), откако ги предводеше успешните бунтови против моќната шпанска империја. Тој беше главен предводник и икона на борбите за независност сè до ослободувањето на денешните современи држави Боливија, Колумбија, Еквадор, Панама, Перу и Венецуела. Нему му се препишува познатиот цитат „Кога тиранијата станува закон, отпорот станува  наша должност.”

Боливар беше од огромно значење за стекнувањето независност на јужно-американските народи од колонијалните сили поради што поранешниот претседател на Венецуела, Хуго Чавез, ја именува својата социјалистичка револуција “Боливарска револуција” во негова чест.

До денес, наследството на Симон Боливар продолжува да ги инспирира народите во Латинска Америка и во целиот свет во борбата против империјалистичките интервенции и неоколонијализмот.