АктуелноИнтернационално

Историска победа на турските комунисти

Во неделата (21.03.2019) за прв пат во историјата комунист победи на локалните избори за градоначалник на регион во Турција, во општината Тунчели. Членот на ТКП (Турска Комунистичка Партија), Фатих Мачоглу, освои 32% од гласовите додека владеачката партија освои само 14,5%. Во изборите за општинскиот совет најмногу гласови доби курдската ХДП.

„Ќе и покажеме на целата нација дека социјалистичкиот модел е можен“ – изјави Мачоглу. Тој планира да го прошири моделот кој го започна како градоначалник на Овачик, каде што во 2014 извојува уште една историска победа станувајќи првиот комунистички градоначалник. Таму доби на популарност со неговите политики на фискална транспарентност и имплементирање на земјоделска кооперација.

Се очекува владеачката партија на изборите да изгуби контрола и врз други клучни градови и општини, меѓу кои Анкара и Истамбул, доколку приговорите се одбијат од електоралната комисија.