АктуелноЛокално

Активисти избркани од „Еуромакс“

Јалова свадба без невеста!

Цела претходна недела се трубеше по медиумите дека Еуромакс ќе правел информативна средба со граѓаните. Наводно ќе објаснувале и ќе комуницирале со луѓето, да им објаснат за рудникот како тој еколошки ќе придонел за најздрава средина и општа благосостојба на сите. Но Еуромакс нема да биде Еуромакс ако не направи глупости што на крај пак ќе мора да ги премолчува или да голта живи жаби. 

Имено наместо информативна средба со граѓаните излезе дека е неформална свадба без невеста со 15-20 минути говор како се е прекрасно и сигурно, па нема ни потреба за прашања и со исцрпувањето на широката дебата се премина на салами, кашкавали, пирошки и пиво со музика за општо-народна веселба. И така најадени, напиени и разиграни беа сликани како доказ за огромна поддршка за рудникот со пренадуени цифри како 500 рудари и немање хартија за да се дозапишат во списоци. Кога се лаже да се лаже…

Во меѓувреме на голема група граѓани не им беше дозволено да влезат во салата и да присуствуваат зошто ПОСТАВУВАЛЕ ПРАШАЊА што не биле во насока на поддршка на приказната за рудникот, туку напротив ги рушеле од темел лагите на рударските лажговци. Неможеле Еуромакс да одговараат на незгодни прашања. Затоа Еуромакс смислиле глупаво решение – да не ги пуштат сите граѓани туку само подобните. Останатите се граѓани од втор или трет ред и нема што да бараат тука оти не е нивна работа. 

Прекрасно глупаво решение, ако нема еколошки активисти на формално неформални свадби со наслов “информативни” средби – тогаш нема да има незгодни прашања, нема страшни проблеми и ќе има мир во општеството што не е за сите исто. Сето ова одлично е објаснето од финансискиот директор Гулев, и му доаѓа како потврда за сите да си знаат како досега работеа Еуромакс и како криминално функционираат од самите почетоци. Наместо да тресе глупости, подобро за Гулев е да објасни како се продава контролен пакет акции без формална одлука донесена на формално акционерско собрание, поради што ќе бидат избришани од берзата во Торонто, покрај условниот банкрот. 

Јалова свадба излезе вчера, а јалова ќе биде и работата со рудникот. Повторно потонавте во очите на јавноста како нетранспарентни, дискриминирачки, насилни и крајно манипулативни лажговци што секогаш во недостиг на аргументи и храброст да се соочите со граѓаните вие се глупирате со поставување на бариери. Јавноста гледа и се повеќе ве препознава какви сте навистина и зошто никој во Југоисточна Македонија не ве сака.

Но приметете дека сега јасно ги поставивте границите на вашата комуникација со граѓаните и вашата се поголема потреба да бидете физички заштитени во секоја директна комуникација. Можеби планирате и набавка на оклопни транспортери наместо теренски џипови? Можеби посакувате дел од граѓаните да носат жолти ѕвезди на вашите формално неформални свадбарски средби и да се поклонат три пати пред да можат да ви постават прашања што не сакате да ги одговорите? Можеби посакувате партиско-политичка логистика и заштита?

Со убаво ви кажуваме – буквално се ви е џабе, соберете си ги парталите и мрш да ве нема од тука.

П.С. ПОВЕЛЕТЕ НА ПРОТЕСТЕН МАРШ, во Босилово следната НЕДЕЛА (24ти Март) Од 14:30 до 16:00 часот каде ќе ги поддржеме @Младите на Штука-Иловица против рудникот !

П.П.С. За контраст со Еурмакси да спомнеме дека салами, кашкавали и пиво нема да има, но затоа во изобилство ќе има чиста љубов и енергија!

Превземено од Фејсбук профилот на Здрава Котлина..

Јалова свадба без невеста

ЈАЛОВА СВАДБА БЕЗ НЕВЕСТА Цела претходна недела се трубеше по медиумите дека Еуромакс ќе правел информативна средба со граѓаните. Наводно ќе објаснувале и ќе комуницирале со луѓето, да им објаснат за рудникот како тој еколошки ќе придонел за најздрава средина и општа благосостојба на сите. Но Еуромакс нема да биде Еуромакс ако не направи глупости што на крај пак ќе мора да ги премолчува или да голта живи жаби. Имено наместо информативна средба со граѓаните излезе дека е неформална свадба без невеста со 15-20 минути говор како се е прекрасно и сигурно, па нема ни потреба за прашања и со исцрпувањето на широката дебата се премина на салами, кашкавали, пирошки и пиво со музика за општо-народна веселба. И така најадени, напиени и разиграни беа сликани како доказ за огромна поддршка за рудникот со пренадуени цифри како 500 рудари и немање хартија за да се дозапишат во списоци. Кога се лаже да се лаже…Во меѓувреме на голема група граѓани не им беше дозволено да влезат во салата и да присуствуваат зошто ПОСТАВУВАЛЕ ПРАШАЊА што не биле во насока на поддршка на приказната за рудникот, туку напротив ги рушеле од темел лагите на рударските лажговци. Неможеле Еуромакс да одговараат на незгодни прашања. Затоа Еуромакс смислиле глупаво решение – да не ги пуштат сите граѓани туку само подобните. Останатите се граѓани од втор или трет ред и нема што да бараат тука оти не е нивна работа. Прекрасно глупаво решение, ако нема еколошки активисти на формално неформални свадби со наслов "информативни" средби – тогаш нема да има незгодни прашања, нема страшни проблеми и ќе има мир во општеството што не е за сите исто. Сето ова одлично е објаснето од финансискиот директор Гулев, и му доаѓа како потврда за сите да си знаат како досега работеа Еуромакс и како криминално функционираат од самите почетоци. Наместо да тресе глупости, подобро за Гулев е да објасни како се продава контролен пакет акции без формална одлука донесена на формално акционерско собрание, поради што ќе бидат избришани од берзата во Торонто, покрај условниот банкрот. Јалова свадба излезе вчера, а јалова ќе биде и работата со рудникот. Повторно потонавте во очите на јавноста како нетранспарентни, дискриминирачки, насилни и крајно манипулативни лажговци што секогаш во недостиг на аргументи и храброст да се соочите со граѓаните вие се глупирате со поставување на бариери. Јавноста гледа и се повеќе ве препознава какви сте навистина и зошто никој во Југоисточна Македонија не ве сака.Но приметете дека сега јасно ги поставивте границите на вашата комуникација со граѓаните и вашата се поголема потреба да бидете физички заштитени во секоја директна комуникација. Можеби планирате и набавка на оклопни транспортери наместо теренски џипови? Можеби посакувате дел од граѓаните да носат жолти ѕвезди на вашите формално неформални свадбарски средби и да се поклонат три пати пред да можат да ви постават прашања што не сакате да ги одговорите? Можеби посакувате партиско-политичка логистика и заштита?Со убаво ви кажуваме – буквално се ви е џабе, соберете си ги парталите и мрш да ве нема од тука.П.С. ПОВЕЛЕТЕ НА ПРОТЕСТЕН МАРШ, во Босилово следната НЕДЕЛА (24ти Март) Од 14:30 до 16:00 часот каде ќе ги поддржеме @Младите на Штука-Иловица против рудникот !П.П.С. За контраст со Еурмакси да спомнеме дека салами, кашкавали и пиво нема да има, но затоа во изобилство ќе има чиста љубов и енергија!

Публикувахте от Здрава Котлина в Неделя, 17 март 2019 г.