Народот стига до точка каде што нема што да изгуби повеќе
Еден ден, не знам кој ден ќе биде тоа ама ќе биде, на народот ќе му е доста и од глупи ветувања за НАТО и ЕУ и граѓанска визија на СДСМ и од лажна одбрана на името од ВМРО и од летањето на орли на ДУИ и тој ден ќе биде почетокот на животот во Македонија.
Еден ден ќе платите и за тоа што нѐ труете без да преземете ништо, за сите болни кои немаат лекарства и умираат по болници поради вашата негрижа додека вие скијате по Гармишпартенкирхен, за сите деца кои бараа донации за да преживеат и умреа додека вие со милијарди бегавте во странство и за сите гладни на кои им ги уништивте семејствата и животите за вие да ждерете коњски стекови и за сите солзи по аердромите кога родителите ги испраќаат децата да се измеќари негде по светот наместо да пушат во партија за бедна плата додека на вашите деца им оставате украдени милиони.
Еден ден… Да бев на ваше место ќе бев многу уплашен. Народот стига до точка каде што нема што да изгуби повеќе…
Фејсбук статус на Божидар Божиновски.