Дали СДСМ и ДУИ му спремаат еко-геноцид на Охридското езеро?

Пред неколку дена, струшкиот локален медиум VOX Struga објави информација дека „градоначалникот на Струга, Рамиз Мерко планира да го даде под концесија целиот брег на Охридското Езеро кој се наоѓа во границите на општина Струга. Секој агол на брегот ќе стане приватна плажа. Ова предизвика бројни реакции во јавноста и жестока дебата во Советот на Општината. Oпозициските советници, особено оние на Алијансата за Албанците се спротивставија на ова и планот на Мерко го нарекоа „злосторство против природата“. Мерко пак жестоко го бранеше предлогот, со тоа што дури и укажа дека со или без гласот на советниците тој ќе ги даде под концесија плажите.“

VOX Струга сподели и плански документ (во прилог на објавата), подготвен од страна на локалната администрација. Според приложеното, на целата должина на крајбрежјето, нема да има метар јавна плажа.

Околу ова се огласи и огранокот на Алијансата за Албанците од Струга кои во соопштението за јавноста истакнаа дека „сме сведоци на обиди од страна на Рамиз Мерко и неговата компанија, да биде изгласан од страна на советниците темниот план за узурпирање на брегот на езерото. Денес, го видовме очајот на градоначалникот притиснат од некои бизнисмени и финансиери на неговата кампања за трансформирање на природната убавина на нашиот град во приватни објекти и бизниси. Оваа практика, Мерко ја имаше уште во првите два мандати, но овојпат ќе го узурпира целиот брег без исклучок, од влезот до излезот на градот. За да биде ситуацијата пострашна, се предвидува дека зелените површини и деловите на трската може да се претворат во приватни плажи. Што се прави со трската? Ќе ја изгорат, ќе чекаат или ќе исчезне преку ноќ со хемиски препарати?! Дали сте свесни за улогата на оваа трска за езерото? Дали сте свесни дека ова ги предизвикува сите правни норми и секој човечки принцип? За УНЕСКО?“

Додека Влада на Република Македонија формираше Национална комисија за UNESCO, организираше надзорна расправа и Собрание на Република Македонија, додека Министерство за култура. Министерство за животна средина и просторно планирање, институции, Општина Охрид треба да достават извештаи за состојбата на природното и културното наследство на охридскиот регион, Рамиз Мерко оди во спротивен правец. Ништо не му може ни државниот инспекторат за животна средина, нити инспекторот Игор Трајкоски, нити пак претседателот на Владата, Зоран Заев. Ќе го приватизира, узурпира брегот на езерото, и тоа тврдоглаво го турка. Во одредени медиуми се шпекулира дури и за поткупување на советници, да гласаат за овој предлог-план.

Извор: Охрид СОС