АктуелноЛокално

O2 Коалиција: Градоначалникот на Гази Баба манипулира што значи тешка индустрија

Реакција на иницијативата „О2 Коалиција за чист воздух.”

КОЈ КОГО (СЕ) ЛАЖЕ?

https://www.facebook.com/GeorgievskiBoris/videos/1721707291268273/

Градоначалникот на Гази Баба во својата изјава која се третира како демант дека ќе се гради објект од тешка индустрија вели:

„Со овој објавен оглас се опфаќаат компатибилни намени од Г1, Г2, Г3 и Г4 кои се однесуваат на лесна и не загадувачка индустрија. Исто така во објавениот оглас се предвидува и намени од Д1, Д2, Д3 и Д4 кои се однесуваат на јавно и заштитно зеленило, како и намени Б2 и Б4, односно деловни објекти.“

Доколку се провери ПРАВИЛНИК ЗА СТАНДАРДИ И НОРМАТИВИ ЗА УРБАНИСТИЧКО ПЛАНИРАЊЕ („Службен весник на Република Македонија” бр.199/14 и 44/15), во член 28 (2) групата на Г класа на намена е составена од следните класи и тоа:

Г Производство, дистрибуција и сервиси

Г1 тешка индустрија;
Г2 лесна индустрија;
Г3 сервиси и
Г4 стоваришта.

Понатака подетално е објаснето следново:

Г – ПРОИЗВОДСТВО, ДИСТРИБУЦИЈА И СЕРВИСИ –

Г1 тешка индустрија во која спаѓаат сите видови индустриски погони кои имаат големи енергетски барања, голем промет на суровини и материјали, создаваат голем обем на сообраќај и создаваат отпад и штетни еманации;
Г2 лесна индустрија во која влегуваат сите видови производство кои не побаруваат многу енергија, не создаваат голем промет на суровини, материјали и сообраќај и не произведуваат штетни еманации;
Г3 сервиси за одржување и поправка на опрема и индустриски производи како што се сервиси за автомобили и други возила, машини, алати и инструменти, хемиско чистење и слично и
Г4 стоваришта во кои спаѓаат сите видови стоваришта за складирање на стока на отворен или затворен простор, во специјални услови за чување, отпади, автопазари и слично.

Доколку пак се погледне документацијата за Јавен повик за давање под долготраен закуп на 99 (деведесет и девет) години на градежно земјиште сопственост на РМ – Објава бр.03/2018 од веб страната на Општина Гази Баба, гледаме дека се работи токму за Г1 тешка индустрија.

Доколку општината сакала да направи ограничување покрај можностите кои се дадени во Деталниот Урбанистички план за Г1 тешка индустрија, можела тоа да го стори во објавата. Никаде не постои такво нешто ниту пак во дополнителните услови за понудувачот. Но и покрај сетот тоа, да речеме да постои понудувач кој ќе сака да го земе тоа градежно земјиште за објект од тип Г4, според постоечкиот правилник може да направи пренамена според компатибилноста во Г1- тешка индустрија, веќе во наредниот период.

Сите би биле среќни да можеме да веруваме во приказни дека ќе имаме понудувач кој ќе добие градежно земјиште на користење за 99 год со можност за Г1 тешка индустрија, ама од голема љубов кон природата ќе направи парк – Д1 со заштитно зеленило – Д2, но ние живееме во Македонија каде последните децении реалноста сурово не заплеснува дека профитот на поединецот е секогаш пред здравјето и интересот на колективот.