Вапцаров и македонскиот литературен кружок во Софија

Во Октомври 1938 Никола Вапцаров заедно со Антон Попов и Михаил Сматракалев е еден од основачите на Македонскиот литературен кружок во Софија.

По повод основањето на кружокот, Вапцаров ќе напише реферат кој ќе го прочита при основањето:

„ – На нас, како Македонци кои пишуваат, ни е неопходна една правична емоционална сила, што ќе ни ја раздвижи крвта, ќе ни раздвижи многу претопени чувства, многу спомени…Зошто ако последните години македонската револуционерна борба тапка во место, ми се чини дека причината е во недостигот на жива творечка сила…

Ако тагуваме за својата Татковина, ако во нас има капка македонска крв, ако во нас останала капка благодарен патриотизам, сега треба да се впрегнеме, ропски да се впрегнеме, за да понесеме дел од одговорноста на едно дело и жестоко величие на една епоха…

Ние треба да ја познаваме македонската историја и најмногу историјата на национално-револуционерното движење – Илинден, Гоце, Даме…

Ние сме Македонци. Затоа и нашето творештво треба да биде во служба на македонската кауза.“

Во Април 1939 год. е донесен Статут на кружокот, во кој јасно се нагласува дека: „Кружокот е самостојна, независна група од македонски поети и писатели, обединети од заедничка цел да работат за создавање на македонска уметничка литература…“

  • Објава на ОМО Илинден Пирин – Забранетата македонска партија во Бугарија